АКТУЕЛНОСТИСоопштение29 МАЈ/12
Испитот по предметот Математика 2, наместо на 01.06.2012 год., се презакажува за:
05.06.2012 год.(Вторник) со почеток во 12:00 часот
од предметниот наставник
Л. Стефановска
СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ!15 МАЈ/12
И З В Е С Т У В А Њ Е
Почитувани,
Ве известуваме дека свеченото доделување на дипломи на дипломираните и магистрираните инженери технолози и металурзи на Технолошко-металуршкиот факултет ќе се одржи на ден 23.05.2012 година (среда) во Амфитеатарот на ТМФ, со почеток во 11 часот.
Ве покануваме активно да земете учество на оваа свеченост!
ДЕКАНАТ НА ТМФ
КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО УЧЕБНАТА 2012/13 ГОДИНА!10 МАЈ/12
Почитувани,
ги известуваме сите заинтересирани кандидати кои сакаат да се запишат на една од постоечките додипломски насоки на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје или на дисперзираните студии во Кавадарци дека објавен е Конкурсот за упис за во учебната 2012/13 година. За сите дополнителни информации можете слободно да се информирате на нашата веб страна или лично.
158_Konkurs2012-2013-0002.pdf ЛИСТА СО РАСПРЕДЕЛБА НА СТИПЕНДИИТЕ!10 МАЈ/12
Почитувани студенти,
Во Прилог е листата на која се детално назначени компаниите, во кои се распределени стипендиите.
ДЕКАНАТ НА ТМФ
Raspredelba na Stipendii.doc Водечки компании ќе стипендираат студенти на Технолошко - ме...29 ФЕБ/12
Деветнаесет водечки компании во индустрискиот сектор во Македонија потпишаа договор за соработка со Технолошко-металуршкиот факултет на Скопскиот универзитет и Министерството за образование и наука за стипендирање студенти за периодот 2012-2016.
Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу ТМФ, УКИМ, МОН и 19 реномирани македонски компании, компаниите се обврзуваат да обезбедат 38 стипендии за студенти запишани во прва година, во траење од осум семестри. При што студентите ќе добиваат стипендија од 6.150 денари месечно или 73.800 денари годишно. Потоа Скопскиот универзитет, исто така, се обврзува да обезбеди 10 стипендии за десет најдобри студенти на овој факултет во траење од два семестра, при што тие ќе бидат ослободени од годишната школарина во висина од 12.300 денари. Додека Министерств ото за образовани е и наука се обврзува да обезбеди 25 стипендии на 25 најдобри студенти, запишани во прва година на студии на Технолошко-металуршкиот факултет во траење од осум семестри.Тие ќе добиваат месечна стипендија од 5.150 денари или 61.800 денари годишно.
Со документот е договорена и летна пракса од шест до осум недели, од 15 јуни до 15 август, за студентите во втора и трета година, како и дневна пракса во траење од 30 до 40 работни денови годишно за студентите од втора, трета и четврта година. За летната и дневната пракса компанијата ќе му исплатува соодветен надомест на студентот. Договорот овозможува и кратки курсеви за освежување на знаењето на постојниот кадар инженери технолози.
Вицепремиерот за економски прашања, господин Владимир Пешевски истакна дека преку соработката на индустријата и науката се внесува нов дух во образованието.
Ова е само еден дел од поголемата активност што ја планира Владата на РМ за подобрување на бизнис-климата, но и за создавање подобри услови за младите студенти, особено од техничките науки, каде што има недостиг, рече Пешевски. Тој го потенцираше значењето на летната пракса предвидена во договорот која, како што рече, ќе овозможи веднаш по дипломирањето студентите да бидат реално употреблив кадар во индустријата. Тоа е шанса тие бргу да најдат работа, зашто токму компаниите се нивните идни работодавачи.
За министерот за образование и наука, господинот Панче Кралев договорот е одличен пример како треба да соработуваат бизнис-заедницата и академската заедница. Очекува да се проширува листата на вклучени компании, како и бројот на факултетите што ќе соработуваат со стопанскиот сектор.
Целта на овој договор е да се воспостави соработка меѓу бизнис-заедницата и Технолошко-металуршкиот факултет, кој генерира кадар што е дефицитарен на пазарот на трудот. Договорот ќе овозможи и размена на информации за потребите на компаниите и потребите на наставните планови по кои учат студентите на овој факултет. Компаниите-потписнички се успешни и реномирани и сме благодарни за нивната поддршка и интересот за оваа иницијатива, рече министерот Кралев.
http://www.youtube.com/watch?v=nJdG_yXXL5UМодифициран термин за заверка на зимскиот и запишување на ле...02 ФЕБ/12
Во прилог е модифицираниот распоред со термини за заверка на зимскиот и запишување во летниот семестар за учебната 2011/2012 година.
Студентска служба на ТМФ
TERMINI.doc КОНКУРС ЗА II ЦИКЛУС СТУДИИ!17 ЈАН/12
Почитувани,
Се информираат сите кандидати кои се заинтересирани да се запишат на една од постоечките насоки на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје дека излезе новиот Конкурс за втор циклус магистерски студии. Заинтересираните кандидати можат да ги достават своите документи во Архивата на факултетот од 16 до 25 јануари 2012 година.
Документи за пријавување:
- пријавен лист за запишување (да се подигне од Студентска служба);
- Диплома за завршен прв циклус студии;
- куса биографија (CV);
- потврда за познавање странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници ( доколку ги има);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив ( доколку ги има);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи.
Забелешка: во Објавениот конкурс во графата каде стои износот на студиите направен е превид. Износот на студиите е во висина од 1950 ЕУР (со можност на плаќање на повеќе рати).
Рокови за пријавување: 16-25 јануари 2012 година.
За сите дополнителни информации заинтересираните кандидати можат да се обратат на следните телефони: 02 3088 267, 3088 280 или 3088 201.
ДЕКАНАТ НА ТМФ
178_Dopolnitelen_konkurs-vtorciklus2011-12.pdf ПОСЕТА НА ДНЕВЕН ЦЕНТАР!21 ДЕК/11
Во организација на студентите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје беше организирана посета на децата од ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР за лица со ментална и телесна попреченост, во населба Железара. При тоа студентите со претставници од наставниот кадар и од Деканатот на ТМФ им донираа на децата новогодишни пакетчиња и справа за вежбање.
ДЕКАНАТ НА ТМФ
СТИПЕНДИЈА ЗА ДОКТОРСКИ СТУДИИ!30 СЕП/11
Почитувани,
Ве информираме дека Универзитетот од Тренто Италија нуди стипендии за докторанти. Крајниот рок за пријава е до 12 Октомври.
Темата за докторатот е со следниот наслов:
“Supercritical technologies for the valorization of wine industry by-products”
Сите заинтересирани кандидати можат да ги најдат сите неопходни информации на следните веб страници:
http://www.unitn.it/files/download
/9207/fiori_tema_di_dottorato_borsa_esterna_def.pdf
Сите критериуми за селекција се означени на следната веб страна: http://www.unitn.it/en/dree/9207/current-call
За сите дополнителни информации лице за контакт е
професорот Лука Фјори (luca.fiori@ing.unitn.it)
Деканат на ТМФ
Стипендии на ТМФ29 АВГ/11
Почитувани,
Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" доделува 12 стипендии за кандидатите со најдобар успех кој ке бидат запишани на ТМФ во првиот и вториот уписен рок.
Исто така Ве известуваме дека Технолошко-металуршкиот факултет во соработка со ЈУГОХРОМ ЈЕГУНОВЦЕ доделува 6 стипендии за шест студенти кои ќе конкурираат и ќе ги исполнат условите на уписите на насоката: металургија и метални материјали, за учебната 2011/12 година,.Стипендијата ќе биде во висина од 100 ЕУР месечно, а селекцијата ќе се изврши од кандидатите кои ќе се пријават во првиот и вториот уписен рок!
Амбасадата на Република Австрија во Скопје има чест да Ве извести дека австриското сојузно министерство за наука и истражување повторно доделува стипендии за студенти, постдипломци и научници за академската година 2012/13 година. Конкурсот за стипендиите е објавен во форма на банка на податоци за стипендии на австриската служба за размена www.grants.at (на германски и англиски јазик).Освен информации за стипендии на австриското сојузно министерство за наука и истражување, содржи и информации за програми за стипендии на другите институции, Понатаму, Ве информираме дека е задолжително поднесување на електронско барање за конкурсот ( www.scolarships.at) за стипендиите за академската 2012/2013 година.
Деканат на ТМФ
СТИПЕНДИИ НА ТМФ!15 АВГ/11
Почитувани,
Ве известуваме дека Технолошко-металуршкиот факултет заедно со ЈУГОХРОМ ЈЕГУНОВЦЕ, врз основа на меѓусебната спогодба за соработка е во фаза на преговори за да отпочне со доделување на 6 стипендии за шест студенти кои ќе конкурираат и ќе ги исполнат условите на уписите на насоката: металургија и метални материјали, за учебната 2011/12 година,.Стипендијата ќе биде во висина од 100 ЕУР месечно, а селекцијата ќе се изврши од кандидатите кои ќе се пријават во првиот и вториот уписен рок!
Деканат на ТМФ
СТИПЕНДИИ за СТУДЕНТИ, ПОСТДИПЛОМЦИ, НАУЧНИЦИ за академската...15 АВГ/11
Почитувани,
Амбасадата на Република Австрија во Скопје има чест да Ве извести дека австриското сојузно министерство за наука и истражување повторно доделува стипендии за студенти, постдипломци и научници за академската година 2012/13 година. Конкурсот за стипендиите е објавен во форма на банка на податоци за стипендии на австриската служба за размена www.grants.at (на германски и англиски јазик).Освен информации за стипендии на австриското сојузно министерство за наука и истражување, содржи и информации за програми за стипендии на другите институции, Понатаму, Ве информираме дека е задолжително поднесување на електронско барање за конкурсот ( www.scolarships.at) за стипендиите за академската 2012/2013 година.
Сузане Шмит
(советник и конзул)