По повод големиот јубилеј 50 години активно работење и опстојување, Технолошко - металуршкиот факултет ја формира Алумната на инженери технолози и металурзи.
Заради значењето и предвидените активности, предвидено е Алумната да има редовни и асоцијативни членови. Инженерите технолози и металурзи - членови на алумната на ТМФ, веќе педесет години успешно работат и придонесуваат за техничко - технолошкиот развој на земјата. Со проширување на активностите во рамките на Алумната се надеваме ќе успееме да го подигнеме дигнитетот и значењето на професијата инженер и ќе придонесеме за уште поголем развој како на стопанството, така и на факултетот.
МИСИЈА И ЦЕЛИ НА АЛУМНАТА СЕ:
1. Поврзување на инженерите, професионално и општествено, инженерите - студенти, професорите од факултет и инженерите од алумната. Поврзување на инженерите технолози и металурзи од странство.
2. Подигнување на дигнитетот и значењето на професијата инженер: зајакнување на улогата, присуството и имиџот на инженерите - технолози и металурзи во општеството.
3. Промовирање, лобирање и зајакнување на јавната подршка (приватна и државна) на Технолошко - металуршкиот факултет.
4. Доделување на признание "ПОЧЕСЕН" - инженер.
5. Анимирање и привлекување на одлични и талентирани средношколци (со високи оценки), како база за креирање на одлични инженери.
6. Ангажирање на АЛУМНИ инженерите во специјални предавања пред студентите на ТМФ во Центарот за кариера (индустриски, практични, менаџерски искуства).
7. Осовремување, консултации и усогласување на студиските курсеви со потребите и барањата на стопанството.
8. Именување лаборатории/училници/предавални/семинари според:
а) заслужни инженери
б) донатори
в) активни инженери во активностите на ТМФ
9. Одржување на традицијата на Технолошко - металуршкиот факултет