Дарко Димитровски
Вонреден Професор

Институт:   Органска технологија
тел: 02 3088 210
e-mail: dardim@tmf.ukim.edu.mk
Адреса:
English version
ОБРАЗОВАНИЕ
д-р Дарко Димитровски е роден на 07.05.1981 година во Скопје каде завршил основно и средно образование.
Во учебната 1999/2000 година се запишува на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје на одделот за прехранбена технологија и биотехнологија и на истиот факултет дипломира во 2005 година со средна оценка 9,6.
Истата година започнува да работи во фирмата Виталиа како референт за развој на нови производи, а подоцна и во одделот за контрола на квалитет. Во 2006 година се вработува во Дирекција за храна – Министерство за здравство во одделението за управување со ризик каде работи до декември 2007 година, кога се вработува на Технолошко-металуршкиот факултет како помлад асистент каде што е и денес вработен.
Во 2007 година се запишува на магистерски студии на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Магистерската теза на тема: „ Oптотермички прозорец и колориметрија - директни методи за квантификација на каротеноиди во овошјето и зеленчукот“ ја брани во 2010 година со што се стекнува со звањето магистер на технички науки.
Во 2011 на истиот факултет запишува изработка на докторска теза со наслов „Испитување на пробиотските својства на бактерии од родот Lactobacillus со примена на in vitro клеточен модел и нивна примена во храна за посебни нутритивни потреби“ и во 2015 година успешно ја брани тезата и се стекнува со звањето доктор по технички науки.
РАБОТНО ИСКУСТВО
• 2007 до денес, Технолошко металуршки факултет, Скопје,Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
• 2006-2007, Дирекција за храна - Министерство за здравство, референт во одделение за управување со ризик

• 2005-2006, ДОО Виталиа, Скопје, фабрика за производство и трговија на здрава храна, референт за развој на нови производи и контрола на квалитет
СТУДИСКИ ПРЕСТОИ
• 2014 (20 - 25 октомври), обука за кинетика на реакции во храна организирана од Универзитетот во Вагенинген, Холандија
• 2011 - 2012 (ноември - јули), Ерасмус размена на студенти - докторант во рамките на програмата JoinEU-SEE, на тема: испитување на пробиотски својства на бактерии од родот Lactobacillus со примена на in vitro клеточен модел, Факултет за земјоделски и природни науки, Мариборски универзитет, Словенија
• 2011 (јуни – јули), Истражување при Еврејскиот универзитет во Ерусалим, Израел, на тема: Следење на регулаторите за стрес кај E. coli при третман со сублетални дози на Тимол
• 2010 (7 – 11 декември), член на делегација од Сојуз на хемичари и технолози, Скопје Македонија, учесници на Балкански самит на млади научници организиран од Европски совет за мобилност на млади за истражување и технологија, Солун, Грција
• 2009 (5 – 11 август), учество во Интернационалната летна школа за инструментална анализа спонзорирана од DAAD, организирана од Факултет за хемија и хемиско инженерство, Универзитет Марибор, Словенија, Тема: „LC/MS/MS анализа на кумарин во прехранбени продукти, суперкритична екстракција и анализа на кофеин и катехини во храна со помош на HPLC/MS“
• 2008 (мај – август), Истражување при Универзитетот во Вагенинген, Холандија, на тема: „Квантификација на ликопен во лубеница со помош на оптотермички прозорец и колориметрија: верификација со помош на високоефективна течна хроматографија“
• 2007 (октомври – декември), Истражување при Универзитетот во Вагенинген, Холандија, на тема: Директна детекција на бета каротен во манго со помош на оптотермички прозорец и колориметрија
• 2006 (март), обука за претприемништво под раководство на ПЦМ фондација (претприемачки сервис за млади)
• 2005 (12 – 17 август), учество во Интернационалната летна школа за применета спектроскопија спонзорирана од DAAD, организирана од Технолошко металуршки факулет, Универзитет Белград, Србија, Тема: „HPLC/MS апликација во анализа на вода и анализа на пестициди во овошни сокови“
• 2003 (10 – 15 август), учество во Интернационалната летна школа за применета спектроскопија спонзорирана од DAAD, организирана од Технолошки факулет, Универзитет Нови Сад, Србија, Тема: „GC/MS апликација во анализа на јаглеводороди и полициклични ароматични јаглеводороди како загадувачи на почва и вода“
ЧЛЕНСТВО
НАСТАВА ДОДИПЛОМСКИ
Доцент по предметите: биолошки основи на суровините, вовед во суровините за прехранбената технологија и биотехнологијата, основни процеси во биотехнологијата 2 и основи на биохемиско инженерство;
НАСТАВА ПОСЛЕДИПЛОМСКИ
УСНИ ИЗЛАГАЊА
ЈАЗИЦИ
Англиски
ИНТЕРЕСИ
НАУЧНИ ТРУДОВИ
1. Darko Dimitrovski, Avrelija Cencic, Eleonora Winkelhausen, Tomaž Langerholc, 2014, Lactobacillus plantarum extracellular metabolites: In vitro assessment of probiotic effects on normal and cancerogenic human cells, International Dairy Journal 39, 293-300.
2. Maja Dimitrovska, Mirjana Bocevska, Darko Dimitrovski, Michael Murkovic, Anthocyanin Composition of Vranec, Cabernet Sauvignon, Merlot and Pinot Noir Grapes as Indicator of Their Varietal Differentiation, European Food Research and Technology, 2011, 232, 591-600
3. Dane Bicanic, Darko Dimitrovski, Svjetlana Luterotti, Ksenija Marković, Charlotte van Twisk, Josephus G. Buijnsters, Otto Dóka, Correlation of trans-lycopene measurements by the HPLC method with the optothermal and photoacoustic signals and the color readings of fresh tomato homogenates, Food Biophisics, 2010, 5, 24-33
4. Dane Bicanic, Darko Dimitrovski, Svjetlana Luterotti, Charlotte Twisk, Josephus Gerardus Buijnsters, Ottó Dóka, Estimating rapidly and precisely the concentration of beta carotene in mango homogenates by measuring the amplitude of optothermal signals, chromaticity indices and the intensities of Raman peaks, Food Chemistry, 2010, 121, 832-838
5. Darko Dimitrovski, Dane Bicanic, Svjetlana Luterotti, Charlotte van Twisk, Josephus Gerardus Buijnsters, Rapid approach to the detection of trans lycopene content of red-fleshed watermelons, Postharvest Biology and Technology, 2010, 58, 21-28
6. Darko Dimitrovski, Elena Velickova, Tomaz Langerholc, Eleonora Winkelhausen, A Weibullian model for survivability assessment of probiotic Lactobacillus plantarum PCS26 in apple and Jerusalem artichoke juices during cold storage, Proceedings of the IV International congress: Engineering, Environment and Materials in Processing Industry, pp. 1-6, 2015 March 4-6, Jahorina, Republikа Srpska, Bosnia and Herzegovina.
7. Darko Dimitrovski, Elena Velickova, Tomaž Langerholc, Eleonora Winkelhausen, Candidate probiotic Lactobacillus plantarum strain applied to produce fermented tomato juice, Proceedings of the II International congress „Food technology, quality and safety“, pp. 527-532, 2014 October 28-30, Novi Sad, Serbia.
ЧЛЕНСТВО ВО ПРОЕKТИ

• 2006-2007, Развој и производство на нови прехранбени производи на база на интегрални жита, јаткасти и овошни плодови, Министерство за образованиа и наука, млад истражувач, раководител: д-р Ацо Димитровски, ред. проф.
• 2007-2009, Развој на нови курикулуми за едукација на прехранбени инженери, ТЕМПУС CD_JEP-40065-2005, млад истражувач, раководител: д-р Слободанка Кузманова, ред. проф.
• 2010-2013, Зајакнување на врската образование - индустрија во заштитата и квалитетот на храната, ТЕМПУС JP-158714-2009, локален координатор: д-р Александар Димитров, ред. проф.