Летен академски курс организиран од БЕСТ Скопје
во соработка со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

Во периодот од 28.06 – 07.07.2017 година, студентската организација БЕСТ во соработка со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје го организираше академскиот летен курс за керамика и полимери насловен како „Кeрамика наспроти полимери, нова ера на материјалите“. На овогодишниот Летен академски курс, учествуваа 25 интернационални и 5 локални студенти.

Учесниците на курсот имаа прилика да научат повеќе за биоразградливите полимери, нивната примена во градежништвото и медицината, како и да се здобијат со нови знаења од областа на керамичните материјали, но и практични вештини за нивна продукција.

На курсот исто така беа презентирани и теми поврзани со ласерската аблација на полимерните композитни материјали и нивната карактеризација, како од теоретски така и од практичен аспект.

Учесниците на курсот покажаа соодветен интерес за предавањата вклучувајќи се со свои размислувања и интересни прашања што беше потврда за добро одбраните теми како и за неговата успешна реализација.

Предавањата и вежбите од напоменатите области ги одржаа професорите Александра Бужаровска, Емилија Фиданчевска, Јадранка Блажевска Гилев, Билјана Анѓушева и асистент Војо Јованов.

Учесниците за успешно завршениот курс имаа можност да добијат 1 ЕКТС кредит.