АКТУЕЛНОСТИ




ИНФОРМАЦИИ ЗА ВТОРА КОЛОКВИУМСКА НЕДЕЛА!16 МАЈ/19
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат студентите дека во втората колоквиумска недела следните испити ќе се одржат на следните датуми:
1. ФИЗИКА- на 31.05.2019- петок од 9.00 до 11.15 часот, во Амфитеатарот на ТМФ и предавална 216(направена ротација со Инженерска техника)
2. МАТЕМАТИКА 2- на 27.05.2019- понеделник-од 09.00 до 11.30 часот во предавална 216.
Деканат на ТМФ



ОТВОРЕН ДЕН ВО АДИНГ СКОПЈЕ!13 МАЈ/19
Почитувани студенти,
Во рамките на програмата за прославување на јубилејот „50 години Адинг“, kомпанијата АДИНГ ги поканува на ОТВОРЕН ДЕН сите заинтересирани студенти од студиските програми: Неорганско инженерство и заштита на животната средина и Инженерство на материјали и нанотехнологии.
Отворениот ден за посета на фабриката АДИНГ би се одржал на 17.05.2019 во 11 часот.
Во оваа прилика заинтересираните студенти би се запознале со компанијата Адинг, а истовремено ќе имаат и можност да поразговараат со инженерите.
По посетата организиран е ручек за заинтересираната група.
Целата посета не би траела повеќе од час и половина.
Сите заинтересирани студенти неопходно е да испратат мејл на Продеканот за наука, проф. д-р Александра Бужаровска, на следната адреса abuzar@tmf.ukim.edu.mk.
ДЕКАНАТ НА ТМФ



IV колоквиум по Основи на инженерска техника!05 МАЈ/19
С О О П Ш Т Е Н И Е

Четвртиот колоквиум по Основи на инженерска техника наместо на 31.5.2019 (петок) ќе се одржи на 23.5.2019 (четврток) во амфитеатарот од 8:00 часот.

Од предметниот наставник



Соопштение за студентите од прва година!01 МАЈ/19
С О О П Ш Т Е Н И Е

По барање на сите студенти од прва година, предавањата по предметот Основи на инженерска техника на 2.5.2019 (четврток) нема да се одржат.

Од предметниот наставник



Меѓународен натпревар " Metal Cup- 2019" во Краснојарск, Рус...23 АПР/19
Се известуваат суте студенти од металургија дека може да се пријават на меѓународниот натпревар "Metal Cup- 2019" во Краснојарск, Русија, кој ќе се одржи од 15-20.09.2019 година. Како краен рок за пријава на тим од 3-10 студенти е 01 август 2019.
Сите дополнителни информации се објавени во прилог, на огласната табла во холот на Факултетот или можете да се обратите лично во Деканат.
Директен контакт за сите информации заинтересираните кандидати можат да ги добијат на следните начини:
-преку мејл адреса:international@metalcup.org
-на следните телефонски броеви:8(908)208-92-58, 8(929)333-10-40, 8(929)333-10-90 или
- преку фејсбук страната: facebook.com/youngmetallurgistsvk.com/young_metallurgist

Деканат на ТМФ


General Information about the Championship.pdf



Конкурс за стипендии на француската влада за студии во Франц...27 МАР/19
Конкурс за стипендии на француската влада за студии во Франција 2019/2020

Краен рок за пријавување : 10 мај 2019
Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво Мастер или Докторат.
Стипендијата ги покрива животните, како и трошоците за школарина во Франција (во рамките на тоа што е предвидено според важечката регулатива), во период од максимум 9 месеци. Статусот стипендист на француска влада им овозможува и други предности на стипендистите.
Процедура за барање на стипендија
Услови кои треба да ги исполнува кандидатот :
-да има македонско државјанство
-да биде на возраст од максимум 30 години за ниво Мастер
-да биде на возраст од максимум 35 години за ниво Докторат
препорачано е да има познавање на француски јазик ниво Б2
*Приоритет ќе им биде даден на студиите на француски јазик.
Деканат на ТМФ


http://ifs.mk/mk/Home/StudyFranceContent/4156



Натпис на факултети.мк!26 МАР/19
Нашите студенти од прехранбена технологија и биотехнологија заедно со доц. д-р Јана Симоновска ги прикажаа своите стекнати знаења во областа на молекуларната гастрономија. Во прилог линк од текстот.


https://www.fakulteti.mk/news/26032019/dzhem-od-viski-karameli-od-ajvar-chashi-i-nakit-shto-se-jadat-kakvi-chuda-izleguvaat-od-laboratorijata-na-tehnoloshko-metalurshkiot-fakultet?fbclid=IwAR0HQRlzObrcBoT7Ba5OOAbjmsg6_9Q5mIr8RX0SZLzUR1Ub-gYIYGiqClo



Критериуми за стипендии АТАНАС БЛИЗНАКОФ!22 МАР/19
Почитувани,
во прилог ги објавуваме критериумите за стипендии Атанас Близнакоф.



3. Prilog 1-Kriteriumi za rangirajeto.pdf



СТИПЕНДИИ АТАНАС БЛИЗНАКОФ!22 МАР/19
Фондацијата „Атанас Близнакоф" доделува стипендии на студентите од прв циклус.
Секој заинтересиран може да конкурира следејќи ги упатствата од информацијата која е објавена во прилог.
Од секој факултет на УКИМ ќе се доделуваат по 5 стипендии, а заинтересираните кандидати ќе треба да конкурираат на интерниот оглас на секој факултет одделно.
Деканат на ТМФ


2. Informacija za stipendii od Fondacija Atanas Bliznekof.pdf



ПРОГРАМА ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УКИМ INNO-SAE 201922 МАР/19
Центарот за трансфер на технологии и иновации - ИНОФЕИТ ќе спроведе студентска програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019) за поддршка на иновациите кај студентите на УКИМ.
Идејата е студентите да работат на иновативни идеи кои може да доведат до развој на прототип и да им помогнат во развивање на нивните претприемнички вештини.
Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и поддржува оригинални идеи со акцент на мултидисциплинарност односно посебно ќе се вреднуваат тимови формирани од студенти од различни единки на УКИМ кои нудат решенија за поинтелигентни опкружувања и апликации во иднина.
Повеќе детали за програмата може да се најдат на:
http://feit.ukim.edu.mk/nastani/inofieit-objavuva-proghrama-za-poddrshka-na-inovativni-studientski-idiei-inno-sae-2019
Сите заинтересирани се поканети на отворените денови на програмата
INNO-SAE 2019 кои ќе се одржат на 29.03.2019 и 16.04.2019 во 17 часот во просториите на ИНОФЕИТ кадешто ќе бидат детално објаснети условите,очекувањата и самиот тек на натпреварот.

Деканат на ТМФ



ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА22 МАР/19
С О О П Ш Т Е Н И Е

Пријавување на испити за АПРИЛСКА ИСПИТНА СЕСИЈА ќе се одвива во период од 25.03.2019(понеделник) до 29.03.2019 (петок) и се однесува само за студентите кои што имаат запишано дипломска работа и студентите кои што го обновија статусот.

Служба за студентски прашања



Работилница по повод 22 март-светскиот ден на водата!15 МАР/19
На 22 март- петок во 11.30 часот на Технолошко-металуршки факултет ќе се одржи традиционална работилница по повод светскиот ден на водата, под водство на проф. д-р Кирил Лисичков.
Овогодинешната тема е под наслов: "ВОДАТА ЗНАЧИ ЖИВОТ".
Деканат на ТМФ


World Water Day 2019 Leaving No One Behind.pptx



Конкурс Еразмус + КА 103 за академската 2018/19 година!08 МАР/19
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
КОНКУРС ЗА ЛЕТНА СТУДЕНТСКА ПРАКСА/СТАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ (KA 103)
ЗА УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за реализирање летна студентска пракса/стажирање во програмски земји-учеснички во програмата Еразмус+.
Времетраење на мобилноста за студенти: минимум 2 - максимум 3 месеци во термин
јуни- септември 2019 година.
КРИТЕРИУМИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ ЕРАЗМУС+ СТУДЕНТСКА ПРАКСА/СТАЖИРАЊЕ:
• Право на пријавување имаат редовни студенти со најмалку завршена прва година на студии. Апликации на апсолвенти и дипломирани студенти нема да бидат разгледувани.
• Основен предуслов за реализирање Еразмус+ студентска пракса/стажирање е праксата да е предвидена како дел од студиската програма на соодветниот факултет.
• Кандидатите можат да реализираат куса Еразмус+ студентска пракса во јавна или приватна организација, институција, компанија или претпријатие од Еразмус+ програмските држави.
• Еразмус+ студентската пракса не може да се реализира на универзитети, во дипломатски претставништва, институции и специјализирани агенции на Европската комисија.
• За изборот на институција или компанија, студентот може да ја користи интернет-страницата: www.erasmusintern.org или други ЕУ интернет-страници за Еразмус+ пракса.
• Студентот самостојно ја контактира избраната институција со цел договарање на условите и одобрување на активностите и периодот на стажирање. Студентот до работодавачот (институцијата-домаќин) го доставува формуларот Писмо за покана (Invitation Letter) кое институцијата-домаќин го пополнува и враќа до студентот. УКИМ не посредува во комуникацијата помеѓу студентот и работодавачот (институцијата-домаќин).
• Студентот самостојно ја организира постапката за добивање виза, како и трошоците за патување и сместување.
• Студентот е должен да обезбеди соодветно здравствено осигурување.
• Праксата/стажирањето мора да заврши пред почетокот на зимскиот семестар од учебната 2019/2020 година.
ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:
Висината на стипендијата за студентска пракса/стажирање изнесува 570-620 ЕУР месечно, согласно земјата на престој (Види листа на интернет-страната на Универзитетот).

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+ или интернет-страната на соодветниот факултет:
• пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
• договор за пракса/стажирање (Learning Agreement for Traineeships) во кој се утврдува програмата за стажирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, Еразмус+ координаторот на матичниот факултет и одговорното лице кое го претставува работодавачот (институцијата-домаќин);
• пополнетo Писмо за покана за реализирање студентска пракса/стажирање (Invitation Letter) од страна на институцијата-домаќин кое студентот самостојно го обезбедува;
• уверение за положени испити на македонски јазик;
• најмалку една препорака (на англиски јазик);
• уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој ќе се спроведува праксата/стажирањето издадена од признат центар/школа за странски јазици;
• уверение за редовен студент- запишан семестар/година (на македонски јазик);
• кратка биографија (Europass model);

ПО ЗАВРШЕНА МОБИЛНОСТ:
• На крајот од мобилноста студентот до Одделението за меѓународна соработка во оригинал доставува Завршен извештај (Final Report) уредно потпишан и заверен од страна на студентот и работодавачот;
• Уредно пополнета и заверена Потврда за пристигнување/заминување (Confirmation of Arrival/Departure).

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува праксата/стажирањето, мотивација.
Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус+ координаторот на факултетот каде студираат најдоцна до 31 март 2019 година, во три примерока: еден примерок до Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок до Ректоратот на УКИМ и еден примерок задржува студентот.
(Види листа на Еразмус координатори по факултети).
Листата на рангирани апликации факултетите ја доставуваат до Ректоратот најдоцна до
10 април 2019 година.

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ




Конкурс за практиканство во Алкалоид08 МАР/19
Почитувани студенти,
во прилог го објавуваме Конкурсот за 2 месечна пракса во АЛКАЛОИД АД Скопје.
Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават и да испратат свое CV на следниот мејл: intern@Alkaloid.com.mk најдоцна до 17.03.2019 година.
Изборот на кандидатите-практиканти ќе биде низ текот на месец март и април 2019 година.
За дополнителни информации обратете се кај проф. д-р Игор Јорданов, продекан за настава.
Деканат на ТМФ


LetnaPraksa2019 - Oglas - Preview.pdf



Презентација од Алкалоид АД Скопје за практиканство во 2019 ...04 МАР/19
Почитувани студенти,
Би сакале да Ве информираме дека претставници од Алкалоид АД Скопје ќе одржат презентација пред студентите од III и IV година за можноста за практиканство во 2019 година.
Презентацијата ќе се одржи на 06.03.2019 (среда) во 13 часот во Амфитеатарот на ТМФ.
Предвидено е да присуствуваат редовните студенти на додипломски студии, од Технолошко–металуршкиот факултет во Скопје и тоа:
- студентите од VI или VIII семестар на студиската програма: неорганско инженерство и заштита на животната средина;
- студентите од VI или VIII семестар на студиската програма: полимерни материјали – дизајн и менаџмент;
- студентите од VI или VIII семестар на студиската програма: прехранбена технологија и биотехнологија.
- студентите од VI или VIII семестар на студиската програма: дизајн и менаџмент на технолошки процеси и
- студентите од VI или VIII семестар на студиската програма: инженерство на материјали и нанотехнологии.
ДЕКАНАТ НА ТМФ



Покана за учество на 18. меѓународна конференција во Сисак, ...18 ФЕБ/19
С О О П Ш Т Е Н И Е
Ве известуваме дека во периодот од 15-17 мај 2019 година ќе се одржи 18. меѓународна конференција (18th International Foundrymen Conference), во Сисак, Република Хрватска.
Сите заинтересирани студенти кои сакаат да земат активно учество на оваа конференција можат детални информации да добијат на следниот мејл: foundrystudent@simet.hr или на тел/факс: +385 44 533 378 или кај продеканот за наука, проф. д-р Бужаровска.

Информацијата е објавена на Огласната табла на ТМФ, со детали за учество, со постер или труд од страна на студентот.
Деканат на ТМФ


INVITATION_IFC-STUDENTS SECTION_2019..pdf



Објава на распоред на часови за летен семестар 2018/19!15 ФЕБ/19
Ве известуваме дека Распоредот на часови за летниот семестар за 2018/19 година е објавен на Студентскиот портал на веб-страната, во графата: сите распореди. Воедно Ве известуваме дека истиот е објавен на информационата табла во холот на факултетот.
Деканат на ТМФ



ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА 2018/19- КОРЕКЦИИ!12 ФЕБ/19
ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА АКАДЕМСКАТА 2018/2019 година
Се известуваат сите студенти на Технолошко-металуршкиот факултет- Скопје дека запишувањето на летниот семестар и заверката на зимскиот семестар ќе се одвива по следниов распоред:
- 13.02.2019 – II семестар
- 14.02.2019 – IV семестар
- 15.02.2019 – VI семестар
- 18.02.2019 - VIII семестар
-19.08.2019 - студентите кои полагаа на ден сесија
-20.02.2019 –VIII семестар презапишан и студенти со обновен статус
НАПОМЕНА: ДОКОЛКУ СТУДЕНТИТЕ НЕ СЕ ЗАПИШАТ ВО ОПРЕДЕЛЕНИТЕ РОКОВИ, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЌЕ ТРЕБА ДА ПЛАТАТ 500,00 ДЕНАРИ КАЗНА.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА РЕДОВНИ, ВОНРЕДНИ СТУДЕНТИ И СТУДЕНТИ СО ОБНОВЕН СТАТУС:
- Образец за запишување на семестар
- Образец за заверка на семестар
- Анкетен лист се подигнува од пултот пред Студентска служба.
ПОТРЕБНИ УПЛАТНИЦИ ЗА РЕДОВНИ И ВОНРЕДНИ СТУДЕНТИ:
- 6.180,00 денари за партиципација за редовни студенти - жиро- сметка на ТМФ
-12.360.00 денари за партиципација за вонредни студенти- жиро- сметка на ТМФ
- 2.000,00 денари за лабараторија и административни трошоци- жиро-сметка на ТМФ
- 100,00 денари за административна такса- жиро-сметка за административна такса.
ПОТРЕБНИ УПЛАТНИЦИ ЗА СТУДЕНТИТЕ СО ОБНОВЕН СТАТУС
-12.360.00 денари за партиципација -жиро-сметка на ТМФ
-100,00 за административна такса.
СТУДЕНТИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВО ИНДЕКС ДА ГИ ИМААТ ПОТПИСИТЕ ОД ПРЕДМЕТИТЕ ОД ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ОЦЕНКИТЕ ОД ПОЛОЖЕНИТЕ ПРЕДМЕТИ.

СТУДЕНТИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРЕД ДА ГИ ДОСТАВАТ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА, ЕЛЕКТРОНСКИ ДА ГО ЗАПИШАТ СЕМЕСТАРОТ,ПРЕДМЕТИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ ВО I-KNOW СИСТЕМОТ.
СИТЕ СТУДЕНТИ ОД ТМФ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ГИ ЕВАЛУИРААТ ПРЕДМЕТИТЕ КОИ ШТО ГИ ИСЛУШАЛЕ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР, ВО СПРОТИВНО НЕМА ДА ЗАПИШАТ СЕМЕСТАР.
СТУДЕНТИТЕ ВО СОФТВЕРОТ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА ДА СЕ НАЈАВАТ СО НОВО КОРИСНИЧКО ИМЕ. (софтверот и упатството за евалуирање е објавен на WEB страната на факултетот).
http://www.evaluation.tmf.ukim.edu.mk
Жиро-сметката на ТМФ како урнек е објавена на Студентскиот портал
(број на сметка:100000000063095
Буџетски корисник: 1600103360 788 16 Приходна шифра и програма:723012 41)
Служба за студентски прашања



Конкурс за II циклус студии 2018/19 година- до 22.02.2019 -В...29 ЈАН/19
Почитувани кандидати и студенти,
Ве известуваме дека во тек е вториот уписен рок на студентите на II циклус студии, за академската 2018/19 година.
Рокот за пријавување е во периодот од: 08.01.-22.02.2019
додека запишувањето на кандидатите е во периодот од:25-28.02.2019.
При пријавување потребни се следните документи:
 пријавен лист за запишување;
 50,00 денари за административна такса;
 електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
 оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
 куса биографија (CV);
 потврда за активно познавање странски јазик;
 препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
 список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
 документи за евентуални награди, признанија и други документи.
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава. Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување.
За сите дополнителни информации можете да се обратите на телефонските броеви: 02 3088 201/3088 267.
Деканат на ТМФ



За студентите од втор циклус!25 ЈАН/19
Почитувани,
Младински образовен форум (МОФ) во соработка со Институт за европска политика (ЕПИ) отвора повик за учесници на Школа за претприемништво „Од идеја до стартап“, во склоп на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ (Engaging the Private Sector in Entrepreneurship Education). Програмата ќе се спроведува во Скопје, во периодот од февруари до мај 2019.
За време на програмата ќе се изучуваат следниве теми:
1. Што е претприемништво?
2. Мотивација, Лидерство и Тимска работа
3. Приказна, Презентација и Прототип
4. Традиционален и онлајн маркетинг
5. Водење бизнис
Школата ќе се реализира два пати неделно во попладневните часови и ќе содржи активности, како што се разговори со успешни претприемачи, симулации, студии на случај, практична работа и дополнителни отворени предавања. Едукативната програма ќе започне со дводневен - викенд интензивен тренинг.
Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 28-ми јануари 2019 година, преку испраќање CV и пополнета апликација на obuki@mof.org.mk.
За повеќе информации: obuki@mof.org.mk 02/3139 692. Лице за контакт: Сања Стефановиќ
ДЕКАНАТ НА ТМФ



Повик учество на 18-та меѓународна студентска конференција10 ЈАН/19
Почитувани студенти,
Во прилог Ви го објавуваме повикот за учество на 18-та меѓународна студентска конференција, која ќе се одржи од 15-17 мај 2019 година во Хотел Панонија, Сисак, Република Хрватска. Сите заинтересирани кандидати можат да се информираат на следната веб страна: http://www.simet.unizg.hr/foundry/ или на следниот мејл: foundrystudent@simet.hr.
Информацијата е објавена и на огласната табла во холот на факултетот.

Деканат на ТМФ


INVITATION_IFC-STUDENTS SECTION_2019..pdf



ОБЈАВУВАЊЕ НА ГОДИШНИТЕ РАСПОРЕДИ НА ИСПИТИ ЗА 2019!27 ДЕК/18
С О О П Ш Т Е Н И Е
ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА НА СТУДЕНТСКИОТ ПОРТАЛ ГИ ОБЈАВИВМЕ СИТЕ РАСПОРЕДИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА 2019 ГОДИНА ПО НАСОКИ И ИСТИТЕ СЕ ОБЈАВЕНИ НА ОГЛАСНАТА ТАБЛА ВО ХОЛОТ.

ДЕКАНАТ НА ТМФ



ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЈАНУАРСКА ИСПИТНА СЕСИЈА 2019 год....19 ДЕК/18
С О О П Ш Т Е Н И Е

Пријавувањето на испити за ЈАНУАРСКО-ФЕВРУАРСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ќе биде од 19.12.2018 год.(среда) до 26.12.2018 год.(среда) од 11 до 13 часот.
Сите студенти задолжително е претходно да ги пријават испитите електронски на I-KNOW системот и потоа пријавите да ги достават во Службата за студентски прашања, во спротивно нема да бидат примени на испит или колоквиум.
За пријавување на испит потребно е да се достават следните документи:
- пријава за секој испит што ќе се полага и
- уплатница од 50 денари за административна такса за секоја пријава.

Служба за студентски прашања



Конкурс од Атлантик Груп за дипломирани технолози!08 НОЕ/18
На следниот линк можете да се информирате за конкурсот за обука и вработување на дипломирани технолози:
https://www.atlanticgrupa.com/en/working-in-atlantic/question-everything/



Конкурс за прием на 1 млад истражувач на проект18 ОКТ/18
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во рамките на истражувачкиот проект ,,Графен/полимер базирани сензори” (Nato SPS G5244)“, финансиран од NATO Science for Peace програмата, распишува Конкурс за прием на 1 (еден) млад истражувач за работа на проектот до 12.09.2020г.
Во прилог го објавуваме целиот конкурс. Лице за контакт: професор д-р Јадранка Блажевска- Гилев.
Деканат на ТМФ


Konkurs za mlad istrazuvac 10 2018.pdf



Корегирана листа на стипендисти за 2018/19 година!08 ОКТ/18
Почитувани бруцоши,
во прилог ја објавуваме корегираната конечна листа на добитници на стипендии односно:
- првите 10 кои беа објавени на I-know листата од прв уписен рок- добитници на УКИМ едногодишни стипендии и
- 25 стипендисти, добитници на стипендија од Министерството за образование и наука (МОН), во времетраење од 4 години.
Се замолуваат сите стипендисти на МОН, на ден 09.10.2018 година (вторник) во 12.00 часот во Деканат (да донесат потребни документи, доколку не ги доставиле досега) да бидат присутни на состанок за потпишување на договорот.
Деканат на ТМФ


ФИНАЛНА ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ НА СТИПЕНДИИ.docx



Оглас за вработување на инженери техничари!19 ЈУЛ/18
Почитувани,
во прилог го објавуваме огласот за вработување на инженери и техничари, во компанијата АПАВЕ СЕЕ.
Деканат на ТМФ


Оглас за вработување - Инженери и Техничари.pdf



ИНФОРМАЦИЈА ЗА СТИПЕНДИИ ОД ЛАМИНАТИ КОМ ОД ПРИЛЕП!07 ЈУН/18
ИНФОРМАЦИЈА ЗА СТИПЕНДИИ
Компанијата Ламинати Ком од Прилеп доделува 5 стипендии за студентите на Технолошко-металуршкиот факултет, од студиската програма: полимерни материјали, кои ќе се запишат во академската 2018/2019 година.
Услови за доделување на стипендиите се:
Право на аплицирање имаат студентите од горенаведената студиска насока, после завршувањето на II година студии
Предност имаат студентите со повисок просек
Да имаат активно познавање на англискиот јазик, каде предност имаат оние кои ќе приложат сертификат
Селектираните кандидати по завршувањето на студиите должни се да работат во Ламинат Ком двојно повеќе месеци од месеците во кои примале стипендија
Износот на стипендијата е 5.000,00 денари месечно, каде за најуспешните кандидати ЛАМИНАТИ КОМ ќе додели специјални стимулации за време на студирањето
Компанијата ќе организира пракса за време на летниот период
Ако кандидатот по завршувањето на студирањето одбие да работи за ЛАМИНАТИ КОМ должен е да ги врати средствата и останатите трошоци
Доколку компанијата не го прими кандидатот во работен однос стипендистот не е должен да го врати примениот износ.



Можност за вработување во ЛАМИНАТИ КОМ-Прилеп21 МАЈ/18
И з в е с т у в а њ е

Ги информираме сите студенти кои се од III и IV година на студиските програми: полимерни материјали и инженерство на материјали и нанотехнологии, дека компанијата ЛАМИНАТИ КОМ од Прилеп има интерес да вработи 5 млади и амбициозни студенти, со активно познавање на англиски јазик.
Сите заинтересирани кандидати можат да се обратат во Деканатот, кај проф. д-р Александра Бужаровска, продекан за наука и меѓународна соработка.

Деканат на ТМФ

Инфо од јавен карактер Листа на информации Статут на УКИМ Закон за високо образование Правилник на ТМФ Список на активности План за јавни набавки Процедура за внатрешно пријавување Извештај за самоевалуација 2016 Извештај за самоевалуација 2017 Извештај за финансиско работење Завршна сметка 2018 - 603 Завршна сметка 2018 - 631 Завршна сметка 2018 - 788 СТУДЕНТСКА СЛУЖБА СМЕТКА НА ТМФ СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ ЛИНКОВИ УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ" Министерство за образование и наука на Македонија Центар за кариера Студентски парламент Инженерска институција на Македонија Водородна Асоцијација на Македонија Сојуз на хемичари и технолози на Македонија Здружение на Металурзи на Македонија VIII International Congress of Metallurgists of Macedonia НАНОМАК Nato project: Graphene/Polymer Based Sensor SPS G5244 SCOPUS TEMPUS www.techno-sus.com Факултет за електротехника и информациски технологии Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Машински факултет Технолошки факултет во Лесковац Sveučilište u Zagrebu - Metalurški fakultet