ИНСТИТУТ ЗА ХЕМИСКО И КОНТРОЛНО ИНЖЕНЕРСТВО

      На Институтот за хемиско и контролно инженерство се негуваат тригодишни професонални студии за хемиско процесно инженерство, додипломски студии за хемиско процесно инженерство, специјалистички студии за примена на компјутерските методи во процесната индустрија и постдипломски студии од областа на процесното инженерство и електрохемиското инженерство.

Наставните планови на сите овие студии овозможува студентите да се стекнат со знаења потребни за анализа и решавање на инженерските проблеми во хемиската и сродните на неа индустрии.

Во наставните програми на повеќето предмети од сите студии што се негуваат на Институтот за хемиско и контролно инженерство вклучена е компјутерската поддршка за моделирање, симулација и контрола на технолошките процеси.

Инженерството не е само знаење или поседување знаења како подвижна енциклопедија; Инженерството не е само анализа; Инженерството не е само поседување на капацитет да се добие решение за непостоечки инженерски проблем. Инженерството е умеење на организиран начин да се пробие патот кон технолошките промени... Инженерот работи на границата меѓу науката и општеството (Massachusetts Institute of Technology (1962)) Dean Gordon Brown.

Добриот инженер во дизај и менаџмент во хемиската индустрија, е совршен композитор... Тој не е научник, тој не е хеничар, тој не е физилар, тој не е биохемичар, тој не е математичар, тој не е економист, тој не е социолог или писател, но тој ги користи знаењата и техниките од сите овие дисциплини за решавање на инженерските проблеми. Хемискот инженерство е примена на науката во добивање економично производство (H.P.Gillette, 1910).