Од историјата на факултетот

Секој има своја историја. Нашата започнува во далечната 1959 година. Во текот на своето постоење Технолошко-металуршкиот факултет минува низ периоди на континуирани промени сврзани со реформите на Универзитетот и високото образование, како и со потребите од воведување и развој на нови насоки и дисциплини, кои ќе одговараат, од една страна на експанзивниот развој на технологијата, а од друга страна на потребите на индустријата.

ГодинаНастан
1959Основан Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје. Се запишуваат првите 84 студенти и започнува наставата по технологија.
1960Запишана втората генерација: 154 редовни и 42 вонредни студенти. Започнува и наставата по металургија.
1961Третата генерација: 192 редовни и 60 вонредни студенти.
1963Земјотресот од 26 јули го онеспособува Факултетот за настава. Голем број студенти ги продолжуваат студиите на други универзитети.
1964Дипломираат првите инженери технолози.
1965Донесен Закон за основање Технолошко-металуршки факултет во рамките на Универзитетот во Скопје. Конституиран првиот Наставнички совет. Избран првиот декан.
1966Факултетот се сели во новоизградените простории, во кои се наоѓа и денес. Објавено првото учебно помагало Краток практикум по физичка хемија, интерна скрипта.
1968-1970Се отвораат насоките за хемиско инженерство и за текстил.
1969-1970Започнуваат постдипломските студии на Факултетот.
1973Одбранет е првиот магистерски труд.
1973Одбранет е првиот докторат
1976Реформа на Универзитетот "Кирил и Методиј". Факултетот се дели на Технолошки факултет и Факултет за металургија и рударство (од 1980 само металургија). Повеќе наставници и асистенти минуваат на соодветни матични факултети.
1984Со рационализација на наставата на Универзитетот, Факултетот повторно се спојува во единствен - Технолошко-металуршки факултет.
1999Отворени нови насоки: биотехнологија, конфекциско инженерство и дизајн и менаџмент во хемиската индустрија.
2002Формиран е центарот за трансфер на технологија