БИБЛИОТЕКА

Самостоен референт за библиотечно работење: Ангелина Никова 
тел: +389 2 3088 201 лок.284
e-mail:biblioteka@tmf.ukim.edu.mk

Работно време: 08:00 - 15:00

МИСИЈА

Мисијата на библиотеката на ТМФ е да ги снабдува студентите, наставниците, истражувачите и административниот персонал со научни, падагошки и технички информации потребни за нивните академски и административни активности.

ОПИС

Библиотеката постои од формирањето на факултетot и бележи постојан подем во своето работење. Библиотеката работи според важечките меѓународни библиотечни стандарди, а од пред извесно време, за каталогизацијата на библиотечнит фонд се користи COBISS базата. Библиотеката врши набавка на секаков вид библиотечен материјал (книги, списанија, стандарди, фотокопии), согласно потребите на своите корисници, врши обработка и средување на тој материјал според меѓународните библиотечни стандарди и им овозможува на своите корисници брз и едноставен достап до информации во врска со книжниот фонд. Книжниот фонд на библиотеката го сочинува стручна литература од сите областа на технологијата и нејзе сродните науки и дисциплини. Обемот на книжниот фонд библиотеката е значаен, и постојано се наголемува со набавка на нови книги и списанија.Во фондот на библиотеката спаѓаат и посебните збирки на докторски дисертации, магистерски трудови, речници и прирачници, материјали од научни собири и конференции, стандарди и сл. Книжниот фонд им е достапен на корисниците преку класични библиотечни каталози и on-line преку COBISS.MK.

Инфо од јавен карактер Листа на информации Статут на УКИМ Закон за високо образование Правилник на ТМФ Список на активности План за јавни набавки Процедура за внатрешно пријавување Извештај за самоевалуација 2016 Извештај за финансиско работење СТУДЕНТСКА СЛУЖБА СМЕТКА НА ТМФ СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ ЛИНКОВИ УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ" Министерство за образование и наука на Македонија Центар за кариера Студентски парламент Инженерска институција на Македонија Водородна Асоцијација на Македонија Сојуз на хемичари и технолози на Македонија Здружение на Металурзи на Македонија НАНОМАК Nato Project: Novel Sensors based on Laser Ablated Graphene SCOPUS TEMPUS www.techno-sus.com Факултет за електротехника и информациски технологии Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Машински факултет Технолошки факултет во Лесковац Sveučilište u Zagrebu - Metalurški fakultet