ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ
Постдипломските магистерски студии на Технолошко-металуршкиот факултет се реорганизираат во 12 студиски програми и тоа
Последипломските специјалистички студии - една студиска програма и тоа
Последипломските студии ќе се организираат како редовни студии, во согласност со критериумите на ЕКТС.
ЛИСТА НА СЛОБОДНИ ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ
Последипломски магистерски студии
Времетраењето на студиите е 1 година (2 семестри) со вкупно 60 кредита. Во првиот семестар ќе се изведува настава, додека вториот семестар е предвиден за следење настава и изработка на магистерски труд.
Вкупниот број предметни програми изнесува 6 (шест) од кои во првиот семестар се следат 5 (пет) предмети од кои 3 (три) се задолжителни , и два изборни предмети, а во вториот семестар се следи само 1 (еден) изборен предмет и се изработува магистерскиот труд.
Посебни последипломски студии во рамки на меѓународни проекти
На Технолошко-металуршкиот факултет, во рамки на прифатени меѓународни проекти (ТЕМПУС проекти и сл.), можат да се организираат и други студиски програми за последипломски студии, кои може да се изведуваат и на англиски јазик.
Посебни последипломски студии по барање на јавен и приватен сектор
На технолошко-металуршкиот факултет може да се организираат и посебни последипломски студии по барање на јавниот или приватниот сектор, од областите кои ги покрива Технолошко-металуршкиот факултет, за кои се спроведува истата процедура.
Финансирањето целосно ќе биде покриено од барателот за организирање на овој вид студии. За конкретна реализација на истите се потпишува договор во кој се дефинира: називот на студиите, минималниот број на студенти и материјалните трошоци за сите фази на реализација.
Правила за активирање на студиските програми
При активирање на студиските програми треба да бидат запазени следните правила
- студентите се запишуваат на соодветната студиска програма,
- студиската програма се активира во зависност од интересот за програмата,
одлука за активирање на студиската програма донесува Наставно-научниот совет на Факултетот, на предлог на Деканската управа.
Правила за активирање на предметните програми
Редовна настава ќе се реализира за предметните програми каде што се пријавени најмалку 5 студенти. Доколку бројот на пријавени студенти е помал од 5, одлука за активирање на предметната програма донесува Научно-наставниот совет на Факултетот.
Услови за запишување
На последипломските студии имаат право да се запишат кандидатите со завршени додипломски студии по модел 4+1+3 од соодветната насока.
На сите студиски програми може да се запишат и кандидати кои имаат завршено петгодишни додипломски студии на Технолошко-металуршкиот факултет. За студентите кои студиите ги завршиле на друг факултет се предлага да се применува досегашната пракса на упис на последипломските студии.
Условите и критериумите за запишување ќе се дефинираат во Конкурсот за запишување.
Режим на студии
Наставата на последипломските студии се изведува преку предавања, консултации, практични вежби и изработка на семинарски работи. Испитите се полагаат по завршување на семестарот и откако кандидатот ќе ги исполни обврските согласно предметната програма и критериумите на ЕКТС.
Магистерскиот труед е задолжителен. Темата за магистерскиот труд се избира од групата на изборни предмети кои се доминантни и кои го определуваат насочувањето на кандидатот. Пријавувањето, изработката и одбраната на магистерскиот труд се спроведува соогласно со Правилникот за единствените основи за организирање на последипломски и докторски студии на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје (Универзитетски гласник бр.7 од 25.09.2001г.)
Дипломи
По завршувањето на последипломските магистерски студии, односно по одбраната на магистерскиот труд, кнадидатот се стекнува со научен степен магистар на технички науки (англ. Master of Science). Вкупниот број со кој се стекнува кандидатот рамномерсно распоредени во двата семестри.