Служба за студентски прашања

Службата за студентски прашања е задолжена за водење и внесување на податоци на матичните книги на запишаните и дипломираните студенти, запишување на студенти во прв, втор и трет циклус на студии, оформување студентски досиеа со потребната документација, заверување семестри во индекс, контролирање на потписите од наставниците за редовност на предавања и вежби и контрола на уплатените надоместоци од страна на студентите.

Службата ги изработува статистичките прегледи и извештаи, прегледи и анализи за потребите на соодветните институции и воедно се грижи за исправноста на студентските досиеја со внесување и контрола на податоците во матичните книги за студентите. Таа изготвува уверенија, потврди, исписници и друг вид на документи по барање на студентите, ги пополнува студентските картони, врши прием на пријави за испит и истите ги доставува до предметните наставници, ги обработува и средува, врши и други работи што ќе ги доделат деканот, раководителот, продеканот за настава и секретарот.

Секоја година, Службата за студентски прашања е активно вклучена во промовирањето на дипломираните инженери и магистри од претходната учебна година, како и наградувањето на студентите со постигнат најдобар успех низ текот на нивното студирање, која се одржува на денот на Факултетот, 19 јуни. Исто така, Службата ги врши сите потребни анализи и извештаи на барање од деканот на Факултетот, Ректоратот на Универзитетот и Министерството за образование и наука, дава редовни тримесечни извештаи и до Државниот завод за статистика за запишаните и дипломираните студенти.

Сепак, најизразена е улогата на оваа служба во секојдневната работа со студентите во врска со издавање барања, уверенија, потврди, вршење заверка и запишување семестри, како и давање потребни информации на студентите.

Работното време:
Службата за студентски прашања работи од 8:00 до 16:00 часот, со пауза од 10:00 до 10:30. Терминот за работа со студенти е од 09 до 14:00 часот.

Одговорно лице на студентска служба e:
Дафинка Анческа

Референти во Студентска служба:
Маја Колева
Оливера Стојановска
Контакт телефон: 02 3088 267
E-mail: st.sluzba@tmf.ukim.edu.mk

Инфо од јавен карактер Листа на информации Статут на УКИМ Закон за високо образование Правилник на ТМФ Список на активности План за јавни набавки Процедура за внатрешно пријавување Извештај за самоевалуација 2016 Извештај за самоевалуација 2017 Извештај за финансиско работење СТУДЕНТСКА СЛУЖБА СМЕТКА НА ТМФ СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ ЛИНКОВИ УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ" Министерство за образование и наука на Македонија Центар за кариера Студентски парламент Инженерска институција на Македонија Водородна Асоцијација на Македонија Сојуз на хемичари и технолози на Македонија Здружение на Металурзи на Македонија VIII International Congress of Metallurgists of Macedonia НАНОМАК Nato project: Graphene/Polymer Based Sensor SPS G5244 SCOPUS TEMPUS www.techno-sus.com Факултет за електротехника и информациски технологии Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство Машински факултет Технолошки факултет во Лесковац Sveučilište u Zagrebu - Metalurški fakultet