ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗДРУЖЕНИЈА

Инженерска Институција на Македонија

Инженерска институција на Македонија (ИМИ) е единствена професионална, неполитичка и непрофитабилна организација која преку своите здруженија и сојузи ги обединува инженерите практичари и инженерите научници во Република Македонија. Здружувањето на инженерите од Република Македонија во професионална организација датира од февруари 1946 година кога беше формиранo Друштвото на инженерите и техничарите на Македонија (ДИТМ), кое по десетина години го промени името во Сојуз на инженерите и техничарите на Македонија (СИТМ). По осамостојувањето на Република Македонија, на генералното собрание на СИТМ, одржано на 24 декември 1994, извршена е негова трансформација во асоцијативна научно-стручна организација на инженерите под името Институција на инженерско-нучните друштва и сојузи на Република Македонија (ИИНДСМ). Оваа научна-стручна организација на инженерите понатаму се развива со помали нужни модификации сообразно со промените во поглед на позитивните правни норми за ваков вид организации. На 26 декември 1998 година ИИНДСМ се трансформира во Инженерска институција на Македонија (ИМИ), која е нејзин законски наследник. Денес ИМИ има признат идентитет на правно лице и сопствен имот со седиште во Скопје, во домот на ИМИ.

www.engineer.org.mk

 

НАНОМАК


    Порта кон светот на нанотехнологиите

    www.engineer.org.mk/nanomak

 

Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

Факултетот преку своите секции членува во Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ). Една од активностите на Сојузот е и издавањето на Гласникот на хемичарите и технолозите на Македонија. Трудовите во Галсникот се реферираат во најреномираното светко реферално списание од областа на хемијата - Chemical Apstract. Во организација на СХТМ се одржуваат и конгреси на секои две години, а последниот 17-иот конгрес е одржан 2002 година.

Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering

Journal of the Serbian Chemical Society

 

Сојуз на металурзите на Македонија

Паралелно, Факултетот односно институтите за металургија се организатори на Советувањата на металурзите, кои преснаа во Конференеции на металурзите, манифестации кои се одржуваат на секои две години и се со меѓународно учество. Во рамките на Здружението на инженери на Македонија, работи и Сојузот на металурзите на Македонија, кои што е и член на Балканскиот сојуз на металурзите.