КАКО ДА РЕАЛИЗИРАМ ПРАКТИЧНА НАСТАВА?

Почитувани колеги,


Бидејќи сега станува уште поактивно Вашето барање за реализација на практична настава во текот на овој период, следете ги следните чекори:


Чекор 1: Прочитајте го ова Упатство за реализирање практична настава на студенти

Чекор 2: Погледнете го овој Список на компании кои се во мрежата на Факултетот (овој список постојано се надополнува)

Чекор 3: Доколку е потребно симнете го овој Договор за реализирање практична настава на студенти (Договорот го пополнува, заверува и доставува организацијата која сака да прими практиканти од нашиот Факултет, по пошта или во скенирана форма - електронски, види повеќе детали во Упатството во Чекор 4)

Чекор 4: Погледнете го ова Упатство за склучување Договор за реализирање практична настава на студенти (Ова упатство е информација за организацијата која сака да прими практиканти од нашиот Факултет)

Чекор 5: Симнете и на еден лист-двострано отпечатете ја оваа Упатница/потврда за реализирана практична настава (Упатница може да се подигне и од стоечките пултови пред Архивата и Центарот за кариера. Упатницата ја пополнува студентот, ја потпишува професор-ментор од Факултетот, и откако е склучен Договорот, студентот ја заверува во Службата за студентски прашања. Потврдата ја заверува организацијата каде студентот остварува практична настава, ОТКАКО практичната настава е реализирана).


Со почит,
Центар за кариера
Технолошко-металуршки факултет-Скопје, УКИМ

МИСИЈА

Мисија на центарот за кариера е обука и помагање на студентите при нивниот премин од академската средина во професионалното вработување, нивно подржување и зајакнување во донесување на нивните одлуки за иднината и вработувањето.
Поконкретна цел и задача на центарот за кариера е подготвување и подржување на нашите студенти во процесот на планирање и развој на кариерата нудејќи обуки, можности за вработување и практична работа, податоци за пазарот на трудот, интеракција и комуникација со работодавачите.

КОНТАКТ

Информации на e-mail:
jordanov@tmf.ukim.edu.mk
anita@tmf.ukim.edu.mk

Канцеларија на при
Технолошко-металуршки факултет
Руѓер Бошковиќ 16
1000 Скопје

Тел: +389 2 3088 201
Тел: +389 2 3065 389