Студентски прашања
04.09.2023 2023-09-13 13:12Студентски прашања
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА И БИБЛИОТЕЧНО РАБОТЕЊЕ
Одделението за студентски прашања е задолжено за водење и внесување на податоци на матичните книги на запишаните и дипломираните студенти, запишување на студенти во прв, втор и трет циклус на студии, оформување студентски досиеа со потребната документација, заверување семестри во индекс, контролирање на потписите од наставниците за редовност на предавања и вежби и контрола на уплатените надоместоци од страна на студентите.
Службата ги изработува статистичките прегледи и извештаи, прегледи и анализи за потребите на соодветните институции и воедно се грижи за исправноста на студентските досиеја со внесување и контрола на податоците во матичните книги за студентите. Таа изготвува уверенија, потврди, исписници и друг вид на документи по барање на студентите, ги пополнува студентските картони, врши прием на пријави за испит и истите ги доставува до предметните наставници, ги обработува и средува, врши и други работи што ќе ги доделат деканот, раководителот, продеканот за настава и секретарот.
Секоја година, Службата за студентски прашања е активно вклучена во промовирањето на дипломираните инженери и магистри од претходната учебна година, како и наградувањето на студентите со постигнат најдобар успех низ текот на нивното студирање, која се одржува на денот на Факултетот, 19 јуни. Исто така, Службата ги врши сите потребни анализи и извештаи на барање од деканот на Факултетот, Ректоратот на Универзитетот и Министерството за образование и наука, дава редовни тримесечни извештаи и до Државниот завод за статистика за запишаните и дипломираните студенти.
Сепак, најизразена е улогата на оваа служба во секојдневната работа со студентите во врска со издавање барања, уверенија, потврди, вршење заверка и запишување семестри, како и давање потребни информации на студентите.
Работното време:
Службата за студентски прашања работи од 8:00 до 16:00 часот, со пауза од 10:00 до 10:30. Терминот за работа со студенти е од 09 до 14:00 часот.
Одговорно лице на студентска служба e:
Продекан за настава и Секретар на Факултет
Референт во Студентска служба:
Маја Колева
Контакт телефон: 02 3088 267
E-mail: st.sluzba@tmf.ukim.edu.mk