Текстилно инженерство
13.09.2023 2023-11-13 11:08Текстилно инженерство
Основан во 1969 година, Институтот за Текстилно инженерство при Технолошко-металуршкиот факултет образува додипломци и постдипломци за работа во текстилната и конфекциската индустрија.
Образованието на текстилните инженери опфаќа примена на научните и инженерските принципи при проектирањето и конторлата на сите аспекти на процесите, продуктите и машините од областа на влакна, текстил и конфекција. Тука спаѓаат природните и вештачките суровини, взаемодејствоте на материјалите и машините, проектирањето и креирањето на текстилните производи.
Својата мисија Институтот ја остварува преку наставата на додипломските студии и на постдипломските студии во областа на Текстилно хемиско инженерство, Текстилно механичко инженерство, Управување со квалитет и специјалистички студии, Управување со квалитет, како и Докторски студии.
Овие програми се дизајнирани на начин да му обезбедат на студентот стекнување со суштинско познавање на фундаменталните концепти на научните и технолошките принципи при што го оспособуваат за дефинирање и решавање на предизвиците што ги поставува развиената технологија.
Научно истражувачката работа на Институтот ги покрива скоро сите области-текстилни суровини и текстил.