НОВОСТИ

ИНОВАТИВНИ ПРОИЗВОДИ - 2017

Целта на овогодишниот натпревар е да се мотивираат учениците од средните училишта да ги промовираат своите идеи за креирање на иновативни производи кои не се комерцијализирани, односно не постојат на пазарот и се изработени од следните категории на материјали:

Наноматеријали

image

Полимерни материјали

image

Керамички материјали

image

Композитни материјали

image

Иновативна храна и пијалоци

image

Текстилни материјали

image

Метални материјали

image
1

до 18.04.2017

Предавање на
проектите во печатена
форма

2

на 30.04.2017

Објавување на
20 селектирани
проекти

3

на 12.05.2017

Презентација на проектите и објавување на победниците

Учениците кои ќе учествуваат на натпреварот би требало да дадат свои идеи за иновативни производи, фокусирајќи се на примената на промовираните идеи. Учесниците на натпреварот своите идеи треба да ги образложат во пишан проект и да го достават во печатена форма до факултетот најдоцна до 18.04.2017 година.

Натпреварот ќе има селекционен карактер, при што тимовите на најиновативните 20 проекти ќе бидат повикани да ги презентираат истите на Технолошко-металуршкиот факултет на 12.05.2017 година.

Правила

Проектот треба да содржи апстракт, вовед, образложение на идејата, опис на производот (по можност скица на истиот), материјал од кој би се изработил, карактеристики на употребениот материјал, како и примена на производот.

Проектната идеја треба да се образложи на 6 до 8 страници, А4 формат, во Arial кириличен фонт со големина 12 точки и проред 1.5.

Тимовите-предлагачи на проектите треба да се составени од два ученика (од втора, трета и четврта година) и професор-ментор.

Награди

За најуспешните тимови се предвидени парични награди за освоено прво, второ и трето место во висина од 15.000, 10.000 и 5.000 денари соодветно, како и дополнителни награди во вид на 10 уписнини на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Прво место

Парична награда за освоено прво место изнесува 15,000 денари.

Второ место

Парична награда за освоено второ место изнесува 10,000 денари.

Трето место

Парична награда за освоено трето место изнесува 5,000 денари.

10 уписнини

10 уписнини на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

На сите пријавени учесници им посакуваме успех на натпреварот!

Контакт

Проф. д-р Александра Бужаровска


  • Адреса

    Руѓер Бошковиќ 16,
    1000 Скопје

  • Телефон

    2 3088 207