Неорганска технологија

Неорганска технологија

Институтот за Неорганска технологија е основан во 1959 година со самото формирање на Технолошко-металуршкиот факултет, при УКИМ, во Скопје.

Низ годините Институтот учествува во сите активности на факултетот и во донесувањето на најважните одлуки за промените, кои успешно се реализираат.

На Институтот се достапни акредитирани додипломски, постдипломски и докторски студии.

Научните области и апликативните дејности, кои се темел на студиската програма, се следните: неорганска хемиска технологија – базна хемиска индустрија и фертилизација (киселини, бази, вештачки ѓубрива итн.), стакло, глина, порцелан, керамика, огноотпорни материјали, технологии за контрола на питка вода и третман на отпадна вода, управување со полутанти на вода, воздух и почва, процеси и материјали за заштита на културно историски споменици  и др.

Институтот има исклучително богата соработка со многу фирми и институции во целата држава и надвор од неа.

На Институтот на додипломски студии постои студиската програма Неорганско инженерство и заштита на животна средина. Овие додипломски студии се реализираат во времетраење од 4 академски години, во 8 семестри, 240 ЕКТС-кредити, при што студентот се стекнува со стручен назив Дипломиран инженер технолог.

Стекнатото знаење и разбирање студентите го применуваат и развиваат во следните правци:

  • Водење на технолошки процеси од областа на неорганското инженерство (базна неорганска индустрија, керамичка индустрија, неметални суровини, заштита на животната средина…).
  • Пороектирање на технолошки постројки.
  • Унапредување на постоечки технологии и производи.
  • Користење на современи информатички системи за водење на процесите.
  • Развивање на технологии со нулти емисии и рационализација на употребените суровини и потрошена енергија.
  • Развивање на креативноста со примена на научни експериментални лабораториски истражувања, во интерес на усовршување на технолошките процеси.
  • Развива способност за решавање на практични инженерски проблеми.

Постдипломските студии се реализираат во времетраење од 1 академска година, 2 семестри, 60 ЕКТС-кредити и студентот се стркнува со стручен назив Магистер на технички науки. На постдиплоските студии се достапни 12 насоки, меѓу кои и насоките Неорганско инженерство и заштита на животна средина и Инженерство на животна средина во која Институтот зема активно учество.

Докторските студии се реализираат во времетраење од 3 академски години, 6 семестри, 180 ЕКТС-кредити, со стекнување на стручниот називот Доктор на науки на програмата Технологија.

Наставната содржина се реализира во соодветно опремени лаборатории за изведување на лабораториските вежби, кои се од суштинско значење за стекнување на вештини при работа за лабораторија.

Наставните содржини се темелат на позитивните искуства од развиените земји, соработката со научни истражувачи, како и потребите и следењето на трендот и побарувачката на индустријата. Подобрувањето на квалитетот и ефикасноста на наставата се приоритет на институтот, а преку континуиран професионален развој на вработените, воведување и развој на нови форми на учење, секојдневно сме сведоци на постигнатите успеси на нашите студенти.

Технолошко-металуршки факултет

ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 16 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Претплати се

Добијте ги најновите вести од ТМФ на вашата електронска пошта

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Compare