Историја на факултетот

Историја на факултетот

Секој има своја историја. Нашата започнува во далечната 1959 година. Во текот на своето постоење Технолошко-металуршкиот факултет минува низ периоди на континуирани промени сврзани со реформите на Универзитетот и високото образование, како и со потребите од воведување и развој на нови насоки и дисциплини, кои ќе одговараат, од една страна на експанзивниот развој на технологијата, а од друга страна на потребите на индустријата.

ГодинаНастан
1959Основан Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје. Се запишуваат првите 84 студенти и започнува наставата по технологија.
1960Запишана втората генерација: 154 редовни и 42 вонредни студенти. Започнува и наставата по металургија.
1961Третата генерација: 192 редовни и 60 вонредни студенти.
1963Земјотресот од 26 јули го онеспособува Факултетот за настава. Голем број студенти ги продолжуваат студиите на други универзитети.
1964Дипломираат првите инженери технолози.
1965Донесен Закон за основање Технолошко-металуршки факултет во рамките на Универзитетот во Скопје. Конституиран првиот Наставнички совет. Избран првиот декан.
1966Факултетот се сели во новоизградените простории, во кои се наоѓа и денес. Објавено првото учебно помагало Краток практикум по физичка хемија, интерна скрипта.
1968-1970Се отвораат насоките за хемиско инженерство и за текстил.
1969-1970Започнуваат постдипломските студии на Факултетот.
1973Одбранет е првиот магистерски труд.
1973Одбранет е првиот докторат
1976Реформа на Универзитетот “Кирил и Методиј”. Факултетот се дели на Технолошки факултет и Факултет за металургија и рударство (од 1980 само металургија). Повеќе наставници и асистенти минуваат на соодветни матични факултети.
1984Со рационализација на наставата на Универзитетот, Факултетот повторно се спојува во единствен – Технолошко-металуршки факултет.
1999Отворени нови насоки: биотехнологија, конфекциско инженерство и дизајн и менаџмент во хемиската индустрија.
2002Формиран е центарот за трансфер на технологија

Технолошко-металуршки факултет

ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 16 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Претплати се

Добијте ги најновите вести од ТМФ на вашата електронска пошта

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Compare