Библиотека

Библиотека

Самостоен референт за библиотечно работење: Ангелина Никова 
тел: +389 2 3088 201 лок.284
e-mail:biblioteka@tmf.ukim.edu.mk

Работно време: 08:00 – 15:00

МИСИЈА

Мисијата на библиотеката на ТМФ е да ги снабдува студентите, наставниците, истражувачите и административниот персонал со научни, падагошки и технички информации потребни за нивните академски и административни активности.

ОПИС

Библиотеката постои од формирањето на факултетot и бележи постојан подем во своето работење. Библиотеката работи според важечките меѓународни библиотечни стандарди, а од пред извесно време, за каталогизацијата на библиотечнит фонд се користи COBISS базата. Библиотеката врши набавка на секаков вид библиотечен материјал (книги, списанија, стандарди, фотокопии), согласно потребите на своите корисници, врши обработка и средување на тој материјал според меѓународните библиотечни стандарди и им овозможува на своите корисници брз и едноставен достап до информации во врска со книжниот фонд. Книжниот фонд на библиотеката го сочинува стручна литература од сите областа на технологијата и нејзе сродните науки и дисциплини. Обемот на книжниот фонд библиотеката е значаен, и постојано се наголемува со набавка на нови книги и списанија.Во фондот на библиотеката спаѓаат и посебните збирки на докторски дисертации, магистерски трудови, речници и прирачници, материјали од научни собири и конференции, стандарди и сл. Книжниот фонд им е достапен на корисниците преку класични библиотечни каталози и on-line преку COBISS.MK.

Технолошко-металуршки факултет

ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 16 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Претплати се

Добијте ги најновите вести од ТМФ на вашата електронска пошта

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Compare