Екстрактивна металургија

Екстрактивна металургија

Институтот е вклучен во наставата на додипломски студии на студиската програма: Металургија и метални материјали. Со својата наставна активност на оваа студиска програма, наставниот кадар на Институтот овозможува студентите да се стекнат со познавања од општите металуршки процеси и операции преку предметот Вовед во металургијата, теоријата на металуршките процеси, металургијата на железо и челик, металургијата на обоени метали, металургијата на феролегурите, електрометалургијата, прашкастата металургија, екологијата во металургијата, корозија и заштита на металите, секундарно производство на металите и добивање на наноматеријали.

Наставниот кадар на Институтот учествува во изведба на постдипломските студии на следните студиски програми на Факултетот:

  • екстрактивна металургија,
  • електрохемиско инженерство,
  • инженерство на животна средина и
  • менаџмент на квалитет.

Исто така Институтот е вклучен во наставата на докторските студии, на студиската програма: металургија и електрохемиско инженерство.

Во рамките на научната дејност на Институтот, реализирани се и во тек се бројни научно-истражувачки проекти и тоа: национални, билатерални кои се финансирани од Министерството за образование и наука на Република Македонија, проекти финансирани од Европската комисија од програмите FP5, FP6 и FP7.

Научно-истражувачката дејност е ориентирана кон следните подрачја:

  • електродепозиција и електрокристализација на металите
  • електрокатализа
  • наноматеријали (јаглеродни наноцевчиња и електродни материјали во водородната економија)
  • екологија во металургијата
  • искористување на металуршките троски.

Резултатите од научно-истражувачката дејност на Институтот се рефлектира со објавување голем број оригинални печатени трудови во еминентни светски списанија со импакт фактор и учество на еминенти меѓународни научни собири. Кадарот на Институтот долги години активно учествува во научните и организационите одбори на Конгресот на сојузот на металурзите на Македонија и Конгресот на хемичарите и технолозите на Македонија. Има организирано и Европска летна школа за нанотехнологии и наноматеријали.

Институтот е двигател на повеќе инженерски здруженија во  Македонија, како Инженерската институција на Македонија, Сојузот на металурзите на Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Македонската асоцијација за водород и здружението за нанотехнологии и намоматеријали на Македонија – НАНОМАК.

Со своите апликативни активности, Институтот развива соработка со сите металуршки компании во Република Македонија, приватниот сектор и се јавува како изведувач и контролор на катодната заштита на цевководите во нашата земја.

Технолошко-металуршки факултет

ул. „Руѓер Бошковиќ“ бр. 16 1000 Скопје, Република Северна Македонија

Претплати се

Добијте ги најновите вести од ТМФ на вашата електронска пошта

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Compare