Екстрактивна металургија
13.09.2023 2023-09-13 20:29Екстрактивна металургија
Институтот е вклучен во наставата на додипломски студии на студиската програма: Металургија и метални материјали. Со својата наставна активност на оваа студиска програма, наставниот кадар на Институтот овозможува студентите да се стекнат со познавања од општите металуршки процеси и операции преку предметот Вовед во металургијата, теоријата на металуршките процеси, металургијата на железо и челик, металургијата на обоени метали, металургијата на феролегурите, електрометалургијата, прашкастата металургија, екологијата во металургијата, корозија и заштита на металите, секундарно производство на металите и добивање на наноматеријали.
Наставниот кадар на Институтот учествува во изведба на постдипломските студии на следните студиски програми на Факултетот:
- екстрактивна металургија,
- електрохемиско инженерство,
- инженерство на животна средина и
- менаџмент на квалитет.
Исто така Институтот е вклучен во наставата на докторските студии, на студиската програма: металургија и електрохемиско инженерство.
Во рамките на научната дејност на Институтот, реализирани се и во тек се бројни научно-истражувачки проекти и тоа: национални, билатерални кои се финансирани од Министерството за образование и наука на Република Македонија, проекти финансирани од Европската комисија од програмите FP5, FP6 и FP7.
Научно-истражувачката дејност е ориентирана кон следните подрачја:
- електродепозиција и електрокристализација на металите
- електрокатализа
- наноматеријали (јаглеродни наноцевчиња и електродни материјали во водородната економија)
- екологија во металургијата
- искористување на металуршките троски.
Резултатите од научно-истражувачката дејност на Институтот се рефлектира со објавување голем број оригинални печатени трудови во еминентни светски списанија со импакт фактор и учество на еминенти меѓународни научни собири. Кадарот на Институтот долги години активно учествува во научните и организационите одбори на Конгресот на сојузот на металурзите на Македонија и Конгресот на хемичарите и технолозите на Македонија. Има организирано и Европска летна школа за нанотехнологии и наноматеријали.
Институтот е двигател на повеќе инженерски здруженија во Македонија, како Инженерската институција на Македонија, Сојузот на металурзите на Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Македонската асоцијација за водород и здружението за нанотехнологии и намоматеријали на Македонија – НАНОМАК.
Со своите апликативни активности, Институтот развива соработка со сите металуршки компании во Република Македонија, приватниот сектор и се јавува како изведувач и контролор на катодната заштита на цевководите во нашата земја.