Центар за кариера
19.09.2024 2024-10-10 12:51Центар за кариера
Центарот за кариера при Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) служи како мост помеѓу студентите и компаниите. Во фокусот на работењето на ова тело се три категории студенти:
- идни студенти (преку обезбедување информации за средношколците/матурантите)
- тековни студенти (преку обезбедување практична настава, стипендии, вработување и програми за мобилност),
- дипломирани студенти (алумни).
Центарот ги информира идните студенти за можностите на ТМФ и ги води при изборот на студиската програма и процесот на запишување. Тековните студенти добиваат поддршка за развој на својата кариера, со поврзување со институции во јавниот и приватниот сектор, врз основа на нивните компетенции и интереси. Центарот им помага при организирање практична настава, како и при посредување помеѓу компаниите и студентите. Како тело кое е во постојана комуникација со индустријата, Центарот ги известува студентите за стипендиите кои ги доделуваат компаниите и им помага во процесот на аплицирањето. Со дипломираните студенти соработува преку алумни асоцијацијата на факултетот.
Мисија на Центарот за кариера при ТМФ:
- Поддршка и насочување на кариерата на тековните студенти и идните студенти;
- Поврзување на студентите со бизнис заедница;
- Промоција на факултетот пред пазарот на труд;
- Помош при преминот од академската средина во извршител на работна позиција;
- Овозможување полесен пристап на студентите до работни позиции.
Активности на Центарот:
Промоција на факултетот преку посети во средни училишта низ целата земја и одржување промотивни предавања пред идните студенти/матуранти, организирање посети од ученици од основното и средното образование, и промоција на кариерни настани организирани од самиот факултет, УКИМ или други студентски организации;
- Помош при запишувањето на студенти на сите студиски циклуси во рамките на факултетот;
- Организирање практична настава за создавање стручен кадар;
- Обезбедување информации за вработување и програми за мобилност;
- Организирање работилници за развој на кариерни вештини и подготовки за интервјуа;
- Одржување настани за контактирање со работодавци и посети на компании;
- Поттикнување и одржување на партнерства со работодавците во Македонија;
- Соработка со алумни за реализација на активности на центарот.
Контакт:
д-р Ана Томова, вонр.проф.
Раководител на Центар за кариера
e-mail: kariera@tmf.ukim.edu.mk