Историја на факултетот
13.09.2023 2023-09-13 15:21Историја на факултетот
Секој има своја историја. Нашата започнува во далечната 1959 година. Во текот на своето постоење Технолошко-металуршкиот факултет минува низ периоди на континуирани промени сврзани со реформите на Универзитетот и високото образование, како и со потребите од воведување и развој на нови насоки и дисциплини, кои ќе одговараат, од една страна на експанзивниот развој на технологијата, а од друга страна на потребите на индустријата.
| Година | Настан |
| 1959 | Основан Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје. Се запишуваат првите 84 студенти и започнува наставата по технологија. |
| 1960 | Запишана втората генерација: 154 редовни и 42 вонредни студенти. Започнува и наставата по металургија. |
| 1961 | Третата генерација: 192 редовни и 60 вонредни студенти. |
| 1963 | Земјотресот од 26 јули го онеспособува Факултетот за настава. Голем број студенти ги продолжуваат студиите на други универзитети. |
| 1964 | Дипломираат првите инженери технолози. |
| 1965 | Донесен Закон за основање Технолошко-металуршки факултет во рамките на Универзитетот во Скопје. Конституиран првиот Наставнички совет. Избран првиот декан. |
| 1966 | Факултетот се сели во новоизградените простории, во кои се наоѓа и денес. Објавено првото учебно помагало Краток практикум по физичка хемија, интерна скрипта. |
| 1968-1970 | Се отвораат насоките за хемиско инженерство и за текстил. |
| 1969-1970 | Започнуваат постдипломските студии на Факултетот. |
| 1973 | Одбранет е првиот магистерски труд. |
| 1973 | Одбранет е првиот докторат |
| 1976 | Реформа на Универзитетот “Кирил и Методиј”. Факултетот се дели на Технолошки факултет и Факултет за металургија и рударство (од 1980 само металургија). Повеќе наставници и асистенти минуваат на соодветни матични факултети. |
| 1984 | Со рационализација на наставата на Универзитетот, Факултетот повторно се спојува во единствен – Технолошко-металуршки факултет. |
| 1999 | Отворени нови насоки: биотехнологија, конфекциско инженерство и дизајн и менаџмент во хемиската индустрија. |
| 2002 | Формиран е центарот за трансфер на технологија |