Наноматеријали и материјали на иднината – натпревар на средните училишта (26-28 Март 2026 год)
15.12.2025 2025-12-15 11:00Наноматеријали и материјали на иднината – натпревар на средните училишта (26-28 Март 2026 год)
Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, традиционално, и во 2026 год. го организира и спроведува Натпреварот за Наноматеријали – Материјали на иднината.
Целта на натпреварoт е:
– да ги поттикнeме учениците за проширување на нивните знаења од светот на новите материјали како нано материјалите, паметните материјали, биоматеријалите, полимерните и хибридните – композитните материјали, металните и керамичките материјали,
– да развиваат вештини и способности за примена на нови стручни информации и знаења,
– да послужат како средство за откривање на талентираните ученици за натпревари од повисок ранг, како и за други манифестации кои се од интерес за развивање на нови материјали.
ВАЖНИ ДАТУМИ:
15 ДЕКЕМВРИ 2025 – ОБЈАВА НА НАТПРЕВАРОТ и ОТВАРАЊЕ НА ЛИНК ЗА ВЕБот на ТМФ
15 МАРТ 2026 – АПЛИЦИРАЊЕ И ПРЕДАВАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ НА МАИЛ АДРЕСА
26, 27, 28 МАРТ 2026 – ОДРЖУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ
ЛОКАЦИЈА : АМФИТЕАТАР НА ТЕХНОЛОШКО-МЕТАЛУРШКИ ФАКУЛТЕТ
26.03. 2026 – ОДБРАНА НА ПРОЕКТИТЕ ОД СКОПЈЕ (ИЗБОР НА 5 ПРОЕКТИ ЗА ФИНАЛЕ)
27.03. 2026 – ОДБРАНА НА ПРОЕКТИТЕ ОД ДРУГИТЕ ГРАДОВИ (ИЗБОР НА 5 ПР. ЗА ФИНАЛЕ)
28.03 2026 – ФИНАЛЕ НА НАТПРЕВАРОТ
НАГРАДИ: ПРВА НАГРАДА – 300 ЕВРА И 100 ЕВРА ЗА МЕНТОРОТ
ВТОРА НАГРАДА – 200 ЕВРА И 100 ЕВРА ЗА МЕНТОРОТ
ТРЕТА НАГРАДА – 100 ЕВРА И 100 ЕВРА ЗА МЕНТОРОТ
СЕРТИФИКАТИ ЗА:
ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ ЗА УЧЕСТВО,
ЗА ПОБЕДНИЦИТЕ ЗА ОСВОЕНО МЕСТО И
ЗА МЕНТОРИТЕ
ПРАВО НА УЧЕСТВО: УЧЕНИЦИ ВО III и IV година.
Учество на натпреварот и реализација
Натпреварите се тимски. Секој тим е составен од два члена кој го раководи еден ментор од средното училиште.
Право на пријава на регионалните натпревари имаат сите заинтересирани ученици од III и IV година. Сите тимови за регионалниот натпревар се пријавуваат на маилот од контакт лицето за натпреварот – anita@tmf.ukim.edu.mk.
Право на учество на регионалните натпревари имаат сите тимови врз основа на доставениот проект.
Право на учество на финалниот натпревар имаат тимовите кои се квалифицирале на регионалниот натпревар.
Секој учесник на натпревар се натпреварува под реден број.
Комисиите се должни во одреден рок (24 часа по објавувањето на резултатите) да примаат писмени приговори (е -mail) од учесниците на натпреварите. Приговорите се дозволени само на регионалните натпревари.
Конечните резултати се објавуваат истиот ден на местото на одржување на натпреварот и на интернет страницата на натпреварот.
Извештај со резултатите по завршениот државен натпревар се доставува во рок од 15 дена до Деканот и ННС на ТМФ.
ПРАВИЛА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ
1) Презентацијата на проектот на секој тим трае 10 мин. + 5 мин. за одговарање на поставените прашања од страна на комисијата. Во случај кога одбраната на проектот е на друг јазик, заради симултано преведување, времето на презентација се продолжува на 20 мин.
2) Вкупниот број на поени што може да се освојат е 100 и тоа:
- содржина на презентација – 30 бода
- начинот и стилот на презентирање – 30 бода
- одговори на поставените прашања – 20 бода
- времето на презентирање – 10 бода
- правилното изразување – 10 бода
3) Проектите за регионалните натпревари се доставуваат во електронска форма на mail, на лицето за контакт
4) Забранета е употреба на мобилни телефони
5) Дозволено е договарање на членовите од тимот пред одговарање на прашањата од комисијата
6) Натпреварувач што нема да се придржува до некое (или повеќе) од овие правила/препораки, може да биде исклучен од натпреварот.
Проф. Анита Грозданов