Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Технолошко-металуршки факултет

Вести и блог

Макстил доделува 10 стипендии за студенти по технички науки, рокот за пријавување е 7 ноември

Uncategorized @mk

Макстил доделува 10 стипендии за студенти по технички науки, рокот за пријавување е 7 ноември

Макстил и оваа година ќе ги поддржи најдобрите студенти кои го градат своето образование во областа на техничките науки. Со новиот конкурс компанијата доделува вкупно 10 стипендии. Целта на поддршката е поттикнување на интересот кај младите за перспективните технички професии.

За студентите на државните технички факултети, пак, Макстил обезбедува 10 стипендии во висина од 10.000 денари месечно во траење од 10 месеци, како и дополнителна еднократна поддршка од 15.000 денари на почетокот на академската година. Приоритет ќе имаат студентите од Технолошко-металуршкиот, Електротехничкиот и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

И минатата година Макстил додели стипендии на 10 студенти од техничките науки, кои доколку ги исполнуваат условите ќе бидат продолжени и ова година.

Рокот за аплицирање за студентските стипендии за 2025/2026 година е 7 ноември 2025 година, а сите заинтересирани можат да се обратат до следните контакти за дополнителни информации:

 за погон Челичарница и администрација: aneta.tomova@makstil.com.mk
 за погон Валавница: dejan.nikolovski@makstil.com.mk