Повик за вклучување на млади во консултативни средби за дефинирање на приоритети и политики за справување со последиците од климатските промени
13.10.2025 2025-10-13 10:54Повик за вклучување на млади во консултативни средби за дефинирање на приоритети и политики за справување со последиците од климатските промени
Повик за вклучување на млади во консултативни средби за дефинирање на приоритети и политики за справување со последиците од климатските промени
Нашата држава е во процес на развој на приоритети за мерки и политики за справување со последиците од климатските промени (Национално утврдени придонеси).
За таа цел, организираме Национални консултативни сесии преку кои младите ќе можат да влијаат врз климатските политики на Македонија! Во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ организираме четири консултативни средби со млади преку кои ќе имаат можност да предложат приоритети за нашата држава кога станува збор за справување со последиците од климатските промени. Консултативните сесии ќе се одржат во:
– Битола (Europe House): 16.10.2025
– Струмица (Europe House): 20.10.2025
– Тетово (Europe House): 22.10.2025
– Скопје (Europe House): 29.10.2025
Секој настан ќе трае од 10:00 до 17:00 часот и ќе вклучува интерактивни работилници, групни дискусии и заедничко креирање на препораки. За време на настанот за учесниците ќе биде обезбедено храна и освежување. За учесниците од околните градови кои ќе земат учество на една од четирите настани, ќе бидат рефундирани патните трошоци за учество.
Како високо-образовна институција, сметаме дека е важно да дадете поддршка на еден ваков процес и да овозможите учество на вашите студенти на некој од настаните.
Ги споделуваме со вас повиците за учество:
– Повик на македонски јазик: https://lead.org.mk/calls/povik-za-mladi-NDC
– Повик на албански јазик: https://lead.org.mk/calls/thirrje-per-te-rinjte-bashkohu-ne-sesionet-konsultative-per-veprimet-klimatike-ne-maqedoni
Стоиме на располагање доколку имате дополнителни прашања.
Што се Национално утврдени придонеси (Nationally Determined Contributions- NDCs)
Национално утврдени придонеси се конкретни планови и цели што секоја држава ги поставува за да придонесе во глобалната борба против климатските промени, во рамките на Парискиот договор. Со нив се дефинираат мерки за намалување на емисиите на штетни гасови и активности за прилагодување кон климатските промени. Овие цели и мерки претставуваат „патоказ“ кој покажува колку и на кој начин една земја ќе придонесе за заедничката цел: поодржлива и поздрава планета. Тоа значи дека секој предлог, идеја или иницијатива што доаѓа од младите може да стане дел од националната визија за зелена иднина.
Секое добро,