ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВА НА ДИПЛОМСКА РАБОТА
16.03.2026 2026-03-16 13:17ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВА НА ДИПЛОМСКА РАБОТА
1. Исполнување на услови за пријава
- Студентот може да пријави дипломска работа доколку има освоено минимум 200 ЕКТС кредити на четиригодишни студиски програми.
- Дипломската работа е задолжителен услов за завршување на студиите од прв циклус, заедно со положени сите испити и исполнети обврски предвидени со студиската програма.
2. Избор на тема и ментор
- Насловот и тезите на дипломската работа ги предлага менторот во договор со студентот.
- Ментор може да биде наставник кој реализира настава во рамките на студиската програма и од соодветната област.
- Студентите имаат право и должност да пријават и одбранат дипломска работа од подрачјето на кое ги завршуваат студиите.
3. Поднесување пријава за тема
- Дипломската работа се пријавува до Одделението за студентски прашања, преку архивата на Факултетот, на утврден образец.
Образец бр.1 – Пријавана дипломска работа
- Насловот и тезите на дипломската работа ги предлага менторот во договор со студентот.
- Пополнетата пријава се приложува во студентското досие.
4. Формирање комисија за оценка и одбрана
- По доставената пријава на насловот и тезите, менторот предлага Комисија за оценка и одрбрана, која ја потврдува деканот.
- Комисијата е составена од 3 члена (наставници), од кои едниот е менторот.
5. Изработка на дипломската работа
- Студентот ја изработува работата под менторство.
- Менторот е должен да ја следи работата и да даде насоки и коментари.
- Менторот ја разгледува предадената работа и ја враќа со коментар најдоцна во рок од 10 дена.
6. Поднесување барање за оценка и одбрана
Студентот може да достави барање за оценка и одбрана на дипломската работа преку архивата на Факултетот, откако:
- ќе ги положи сите испити,
- ќе ги исполни сите услови од студиската програма,
- ќе ги регулира сите административни и финансиски обврски (со потврда од Одделението за студентски прашања).
Потоа студентот поднесува писмено барање за оценка и одбрана преку архивата на Факултетот, со приложена потврда за регулирани обврски.
Образец бр.2 – Барање за оценка и одбрана на дипломска работа
7. Одбрана на дипломска работа
- Одбраната се одржува во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето за оценка и одбрана.
- Одбраната се состои од усно излагање (до 20 минути) и одговор на прашања.
- Оценката се носи со мнозинство гласови.
- Дипломската работа се оценува со оценка од 6 до 10.
8. Во случај на неположена дипломска работа
Доколку студентот добие оценка 5, има право да ја доработи истата работа или да пријави нова дипломска работа .