16ти Студентски Конгрес на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
29.10.2025 2025-10-30 13:4916ти Студентски Конгрес на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
16ти Студентски Конгрес на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
Во вторникот (28.10.2025) успешно заврши 16тиот Студентски Конгрес на СХТМ, кој се одржа на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.
Последниот ден од Конгресот беше исполнет со четири поканети предавања и 23 студентски презентации од учесници од земјата и странство, кои ги споделија резултатите од своите истражувања и придонесоа за размена на знаење и идеи.
Изминатите два дена беа исполнети со наука, дискусии и ентузијазам за понатамошен развој и истражување.
Искрено се заблагодаруваме на сите учесници кои го збогатија Конгресот со своите трудови и презентации, на спонзорите за нивната поддршка, како и на организацискиот и научниот одбор за нивната посветеност и труд во реализацијата на овој настан.
Со почит,
Организаторите на 16тиот Студентски Конгрес на СХТМ.





