BIOMAT
14.08.2025 2025-08-14 11:47BIOMAT
Еразмус проектот: “БИОМАТ – Подобрување на наставните компетенции во дизајнот на биоматеријали од новата генерација од дрвен отпад” на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1.12.20245-30.11.2025) се реализира под раководство на проф Јадранка Блажевска Гилев.
Целта на БИОМАТ проектот е зајакнување на соработката меѓу партнерските институции, како и споделување на експертизата во управувањето со отпад и иновативното производство на биоматеријали за еколошки апликации. Особено внимание е посветено на создавање на иновативни наставни материјали за изучување на употребата на биоматеријали од отпадот од индустријата за пулпа и хартија, како и глобална иновација со разновидни економски примени. Исто така предвидена е и широка дисеминација на овие решенија до студентите, подготвувајќи ги за нивните идни кариери.
Очекуваните резултати од проектот се:
- Заедничка стратегија за потенцијална употреба на отпадни биоматеријали, наставни материјали како снимени лабораториски видеа, е-скрипти, онлајн тестови и презентации, заедно со пилот часови за студенти и средношколци.
- Мрежно поврзување меѓу факултетите од Македонија, Полска и Шведска и интегрирање на изработените наставни материјали во наставните програми како изборни предмети.
- Презентирање на најсовремени знаења за управување со отпад и преработка на био-отпад во наставните материјали на проектот.
Во рамките на проектот е изработен е Онлајн речник со отворен пристап (130 страници) поставен на веб страницата на проектот (https://www.umcs.pl/en/news,30831,1.lhtm) и на веб страницата на факултетот а реализирани се и три тематски работилници/студиски посети во Полска, Шведска и Македонија на следните теми:
(1) изолација на лигнин, карактеризација, фракционирање, модификација
(2) примена во полимерни материјали, тестирање и евалуација на својства
(3) добивање зелени композити со валоризација на дрвен лигнин, ласерска аблација на полимер/лигнин композити, карактеризација на композитите.
Исто така во тек се изработките на:
(1) видео презентации со инструкции во соодветните лаборатории на партнерите во проектот
(2) скрипта на четири јазика (англиски, полски, шведски и македонски) и
(3) тест за проверка на знаењето на платформата Moodle
а планирани се и реализирања на курсеви за студенти и курсеви за средношколци во траење од 15 часа.
Во рамките на овој проект е објавена е-книга, „From biomass to functional materials: advances in lignin isolation, characterisation and applications”, а дополнително, членовите на БИОМАТ проектот беа наградени со сребрен медал во Green Economy category за иновативност на International Invention and Technology exhibition InnoWings 2025 во Лублин.