Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Технолошко-металуршки факултет

Вести и блог

ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВА НА ДИПЛОМСКА РАБОТА

Uncategorized @mk

ПРОЦЕДУРА ЗА ПРИЈАВА НА ДИПЛОМСКА РАБОТА

1. Исполнување на услови за пријава

  • Студентот може да пријави дипломска работа доколку има освоено минимум 200 ЕКТС кредити на четиригодишни студиски програми.
  • Дипломската работа е задолжителен услов за завршување на студиите од прв циклус, заедно со положени сите испити и исполнети обврски предвидени со студиската програма.

2. Избор на тема и ментор

  • Насловот и тезите на дипломската работа ги предлага менторот во договор со студентот.
  • Ментор може да биде наставник кој реализира настава во рамките на студиската програма и од соодветната област.
  • Студентите имаат право и должност да пријават и одбранат дипломска работа од подрачјето на кое ги завршуваат студиите.

3. Поднесување пријава за тема

  • Дипломската работа се пријавува до Одделението за студентски прашања, преку архивата на Факултетот, на утврден образец.

Образец бр.1 – Пријавана дипломска работа

  • Насловот и тезите на дипломската работа ги предлага менторот во договор со студентот.
  • Пополнетата пријава се приложува во студентското досие.

4. Формирање комисија за оценка и одбрана

  • По доставената пријава на насловот и тезите, менторот предлага Комисија за оценка и одрбрана, која ја потврдува деканот.
  • Комисијата е составена од 3 члена (наставници), од кои едниот е менторот.

5. Изработка на дипломската работа

  • Студентот ја изработува работата под менторство.
  • Менторот е должен да ја следи работата и да даде насоки и коментари.
  • Менторот ја разгледува предадената работа и ја враќа со коментар најдоцна во рок од 10 дена.

6. Поднесување барање за оценка и одбрана

Студентот може да достави барање за оценка и одбрана на дипломската работа преку архивата на Факултетот, откако:

  • ќе ги положи сите испити,
  • ќе ги исполни сите услови од студиската програма,
  • ќе ги регулира сите административни и финансиски обврски (со потврда од Одделението за студентски прашања).

Потоа студентот поднесува писмено барање за оценка и одбрана преку архивата на Факултетот, со приложена потврда за регулирани обврски.

Образец бр.2 – Барање за оценка и одбрана на дипломска работа

7. Одбрана на дипломска работа

  • Одбраната се одржува во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето за оценка и одбрана.
  • Одбраната се состои од усно излагање (до 20 минути) и одговор на прашања.
  • Оценката се носи со мнозинство гласови.
  • Дипломската работа се оценува со оценка од 6 до 10.

8. Во случај на неположена дипломска работа

Доколку студентот добие оценка 5, има право да ја доработи истата работа или да пријави нова дипломска работа .

Оставете ја вашата мисла овде

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *