Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Технолошко-металуршки факултет

Вести и блог

GREEN CIRC 2024

ResearchНастаниНовости

GREEN CIRC 2024

♻️ Технолошко-металуршкиот факултет се вклучи во одбележување на Денот на Планетата Земја – 22 април со организација на стручна конференција за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија – GREEN CIRC 2024. На овој начин, ТМФ отпочна трајна активност за трансформација на македонската индустрија и општество. Пленарните предавања беа во склад со основните постулати дефинирани во Зелениот договор на Европската Комисија во 2019 година и Зелената агенда за Западен Балкан. Конференцијата покажа дека академијата и производниот сектор се главните алки во Зелената трансформација во општеството.
▪️Истовремено, во рамки на GREEN CIRC 2024, беше отворена и новата лабораторија на факултетот која е финансирана од НАТО проект.

Оставете ја вашата мисла овде

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *